(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
________________________________________________________________________________
Во претходниот пост наговестив што е првото нешто што го направив веднаш штом пристигнав во Атина. Сега, тоа што следи, е да откријам со кого го направив селфито, на крај на нашата средба на која дискустиравме за стартапи. Со драго задоволство го претставувам Константинос Политис, ко-основач и партнер во Found.Ation, кој е првиот човек со кого зборувам за-се-стартап на овој нов блог.
Константинос беше инволвиран во грчката стартап заедница уште од самите почетоци. Разговорот го започнавме неформално, и се чинеше како да не ни е прва средба и тоа ми помогна многу со нервите (морам да признам дека сум малку возбудена како работите ќе се одвиваат)…
„Започнавме како co-working простор во 2011-та. Но, тоа не беше доволно, бидејќи сакавме да придонесеме повеќе кон актуелниот еко-систем. Така нашето место за соработка се претвори во центар преку кој нудевме разни акцелераторски програми. Се сеќавам кога започнавме имаше само околу 20-30 стартапи, но сега може со гордост да кажеме дека имаме над 180 стартапи во нашето портфолио“, вели Константинос.
Без воодушевена од нивната посветеност да им помогнат на млади и амбициозни претприемачи, но се запрашав дали грчката власт ја поддржа стартап заедницата на било кој начин?
„Имаше некои иницијативи за креирање на легална рамка за стартапи. Но, до ден денес, покрај неколку состановци на кои стартап заедницата се сретна со владините преставници, нема многу сериозни чекори кои не водат во таа насока. Иако ќе помогне многу да имаме некоја легална рамка за стартапите. Бидејќи, сега заедницата расне, и има „галама“ околу светските стартапи, има многу настани, co-working простори, акцелераторски програми, хакатони, итн… Се радуваме што сме сведоци на промената на менталитетот, дека многу млади луѓе сега сакаат да станат претприемачи наместо да чекаат да бидат вработени“.
Тогаш сфатив дека тие се соочуваат со истите предизвици кои можат да се најдат и во другите балкански и не-ЕУ стартап заедници. Иако ќе треба да помине време за некои проблеми да бидат решени, и стартапите да добијат легална рамка околу која ќе работат; сакав да знам што тие мислат за соработка со балканските стартапи и акселератори.
„Нашите врата се отворени за сите стартап ентузијасти. Секогаш постои можност за соработка, без врска дали сте локален, национален, регионален или интернационален стартап, тоа не е важно. Пишете ни и ќе бидеме среќни да закажеме состанок со вас и да дискутираме за се!“, вели Константинос.
Беше пријатно и информативен разговор. Му препорачувам на секој стартап да ги посети Found.Ation кога ќе е во Атина. Јас дефинитивно би се вратила и се надевам дека ќе имам шанса да го направам и #StartupSelfie број 2,3,4,… Продолжете да го читате блогот, бидејќи имаме многу „селфија“ од мојата стартап авантура во Атина. :)









