0 коментари 2 мин. читање 10 септември, 2015

Back to Bed е фантастична игра инспирирана од Салвадор Дали, M.K. Ешер и Рене Магрит

Back to Вed е фантастична видеоигра, која е инспирирана од уметничките дела на Салвадор Дали, М.K. Ешер и Рене Магрит. Играта не амо што на играчите им го приближува надреализмот, туку ќе им овозможи и да се поршетаат низ уметничките дела на овие автори. Играчите се во улога на потсвеста на Боб, кој страда од нарколепсија, и секој пат кога е во околина која го релаксира си заспива. Токму во овие моменти контролата над Боб ја добиваат играчите, а нивна задача е низ светот преполно со скали, портали и платформи да го однесат Боб назад в кревет, каде е безбеден. Играта е сложувалка низ која преку 30 нивоа играчите треба да го пронајдат патот до креветот, но истовремно и да се запознаат со делата на најголемите надреалисти.

Back to Вed е дело на група дански студенти кои ја започнале играта во 2011 година како дел од своите студии. По завршувањето на студиите двајца од нив, Џонас Бирсен и Клаус Педерсен креираа свое студио – Badtime Digital Games и продолжија со развој на играта. По успешната Kickstarter кампања играта е достапна на Steam, iOS и Android, а од неодамна им се приклучија и Vita и PlayStation 3.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}