(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Помина подолго време од мојот последен блог пост, но мора да признам дека имав хаотичен распоред за патување во октомври. Непланирани патувања се претворија во интересна можност да запознаам интересни луѓе од различни стартап заедници. Сега се враќам со повеќе од десет приказни кои сакам да ги споделам во вас, и едвај чекам да ви откријам со кого дискутирав за сè околу стартапи. Можам да ви ветам дека сега ќе постирам редовно. :)
Овој #StartupSelfe е малку поразличен од другите. Дел е од серијалот за Истанбул што го започнав со последниот пост ќе продолжи во следниот период. Пред моето патување во Истанбул без предизвикана (од стартап заедницата) да запознаам некои клучни говорници. Бидејќи сакам предизвик и овој изгледаше малку тежок да го остварам (земајќи предвид дека има 2.000 луѓе кои присуствуваа на настанот), не бев сигурна дека како ќе успеам. Но, како што започна конференцијата, додека се обидував да си го пронајдам местото, случајно пред мене го видов едниот и единствениот Стив Бланк, па си ја искористив шансата и започнав разговор. Беше тоа неколку минути пред да мораше да се качи на сцена, но важно е што успеавме да направиме селфи и да му објаснам дека ќе го постирам на мојот блог, и додека му давав бизнис картичка, тој рече „Колку кул име, веќе ми се допаѓа“.
За тие што не знаат кој е Стив Бланк, да кажаме дека во последните 35 години, Стив беше дел или ко-основач на осум стартапи од Силицумската долина, и неговиот текст за градење на компании во рана фаза се претвори во книга што го стартуваше Lean Startup движењето. За време на неговиот говор за отварање на Startup Istanbul тој сподели неколку клучни информации за кои верувам дека секој што е заинтересиран за стартапи, посебно похрабрите треба да ги чујат:
„Да бидам искрен, не би сакал пари од луѓе што се заинтересирани за накитени PowerPoint презентации, jaс сум заинтересиран во луѓе кои сакаат да инвестираат во некој што учи брзо и може да го предизвика пазарот“.
Моето цело внимание беше насочено кон главната сцена, што за малку ќе испуштев да забележам дека основачот и бељаџијата на 500Startups стои до мене. Не беше лесно да му се приближам, бидејќи беше опкружен со неговиот тим, но некако успеав да се сретнам со него за неколку минути пред да се качи на сцена. Дејв МкКлур имаше неверојатна и малку депресивна презентација, што ја остави публиката со малку подзината уста.
„Вистински функционален продукт и стратегиите за раст се тоа што е корисно за да се изгради бизнис, заедно со добри основачи. Но, би сакал да видам проекции за трошоци повеќе одошто проекции за приходи, за да не ме лажеш околу трошењето пари. И би сакал да видам план за маркетинг (и како ќе привлечеш нови корисници), наместо да видам бизнис планови!“, вели Дејв за инвестирање во пазари во развој. „Така ако мислите дека водење на стартап е лоша идеја, водење на акцелератор е уште полошо…“
Исто така, имаше сесија со прашања за Дејв МкКлур на која ќе најдете одговори на вашите прашања:
Беше навистина големо задоволство да ги запознаам двајцата и да бидам дел од овогодинешниот Startup Istanbul. Со тоа кажано, треба уште сега да почнете да го планирате вашето патувавање во Истанбул за следната година. До тогаш, може да го проверите настанот тука, и што сите говорници рекоа. StartupSelfie ќе продолжи со промоција на стартап ентузијасти кои ќе ја споделат нивната приказна…








