#StartupSelfie со Чеглар Еким, основачот на DitoSpace

во Интервјуа, Статии

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Веднаш откако завршив со работа во Yazane, се стрчав кон вратата за мојот втор состанок тој ден. Требаше да одам од Каракој назад до Бебек, и овој пат ме советуваа да фатам автобус за да стигнам побрзо. Но, доцнев пак (поради сообраќајниот метеж во Ортакој), но барем тука во Истанбул, на никој не му беше гајле кога некој доцни…

Се запознавме преку StartupTravels (во случај да не забележавте, тој е еден од моите омилени стартапи во последно време) и бев навистина возбудена да се сретнам лично со овој стартап ентузијаст, кој го гради својот прв стартап во Истанбул. Запознајте го Чeглар Еким, ко-основачот на DitoSpace, платформа за co-working простори или како што тој ја нарекува „AirBnb за канцелариски простори“.

„Додека студирав имав неколку обиди да стартувам моја компанија, но тогаш започнав да работам како проект менаџер во инкубатор, од каде што добив многу знаење и совети за што да направам сега со DitoSpace. Просторите за co-working, или канцелариите кои се изнајмуваат, се многу популарни сега и нашата платформа може да ви овозможи лесно и брзо да најдете и резервирате омилен простор каде што ќе бидете попродуктивни, ќе ја завршите најдобро работата, ќе организирате креативни работилници, ќе ги импресионирате гостите или можеби ќе најдете луѓе што мислат исто како вас“, вели Чeглар објаснувајќи ги својот стартап кој сè уште е во рана фаза.

Додека ми објаснуваше подетално за неговите планови за стартување, за како ќе привлече корисници и за раст во иднината, продолживме да дискутираме за неговиот поглед за стартап заедницата во Истанбул.

„Стартап заедницата станува натрупана. Веќе е еден вид на тренд. Скоро секој ден има некој настан врзан со стартапи. Локалци и посетители на заедницата се постојано заинтересирани да помогнат, и стартапите, според моето мислење, се најголемата можност да се успее во оваа економија. Иако стартап екосистемот во Истанбул сè уште се развива, треба да има повеќе инвестициски фондови, големите корпорации треба да дадат поголема поддршка, и владата треба да овозможи некоја легална основа и даночни олеснувања, бидејќи понекогаш се појавуваат проблеми. Не толку за да стартувате бизнис, но ако сте во позиција дека треба да ја затворите вашата компанија, тогаш навистина ќе имате главоболки со сета административна работа“, вели Чeглар.

Се надевам дека ти нема да ги имаш овие главоболки Чeглар. Низ нашиот разговор забележав дека тој е вистински стартап ентузијаст и бев заинтересирана да го чујам неговото мислење за корпоративното наспротив стартапите.

„Повеќето од моите пријатели работат за корпорација, иако имаат некои идеи за стартување бизнис, сепак се врзани со дневна рутина и се плашат да преземат ризик и да развијат стартап. Мислам дека најдобро време за креирање стартапи и експериментирање е додека сте на факултет или веднаш откако ќе завршите, да отидете во co-working простор, да си ги разгледате опциите, да најдете тим и да се зафатите со работа. Треба да се вклучиш во заедницата и да бидеш подготвен за долги непроспиени ноќи, и се помалку и помалку слободно време, но исто така и забавно поминато време со навистина фантастично искуство. Сe надевам дека нема да завршам да работам за корпорација. Јас генерирам идеи цело време и секогаш ќе се трудам да најдам начин да изградам некој бизнис. Ако не сакатe стартап живот или не верувате дека можете да бидете претприемач, тогаш фриленс е секогаш отворена опција. Фокусирајте се да си ги усовршите вештините, понекогаш треба да го сакате тоа што го работите, и да бидете независни со локација и време за да работите фриленс работа и да уживате тоа што го правите со вашиот живот“, вели Чаглар.

Како што го допивавме кафетo во Бебе, една од најубавите локации во Истанбул што треба да ја осетите, ми се вртеше една мисла дека го работам овој блог како хоби и дека не ги сфаќам овие состаноци и текстови како работа, се додека уживам во преубави зајдисонцe и се што правам со #StartupSelfie.

Sunset in Bebek

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments