(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Беше напорен период за #MKStartups заедницата. Френк Нојригат работеше со различни стартапи во последниве 10 дена, и наскоро ќе го споделам неговото искуство во Македонија. Во меѓувреме, пред доаѓањето на Френк, имав чест да се запознаам сo уште еден ментор за стартапи, кој дојде во Македонија преку SECO Entrepreneurship Programme што е имплементирана од Swisscontact, кој работеше со заедницата.
Саботата навечер, во плоштадот во Скопје, беше одлично време да пијам кафе со стартап експертот Мајк Дукер. Веднаш на почеток, сакав да дознаам за неговото искуство досега и како тој започна да работи со стартап заедниците?
„Мојата приказна е како на Форест Гамп, повеќе среќен отколку паметен. Мојата кариера започна во сметководство и финансии, од најголемата позиција што ја имав можев да контролирам бизнис за пијалоци во Детроит кој вредеше 50 милиони долари. Бидејќи бев млад и лесно можев да се прилагодам на технологијата, менаџирав бројни претпријатија од страната на клиентите, вклучувајќи и адаптација за продажби на сите наши продавачи во 1996-та година, што беше доста иновативна работа во тоа време. Кога ИТ компанија од Детроит го виде моето резиме и сакаше да направиме интервју, работев цел викенд на презентација за да ја презентирам компанијата на основачот, кој по 15 минути во презентацијата ме покани да му се приклучам и да ги менаџирам нивните продажби. За тоа време ја сменив ориентацијата од компанија што нудеше генерализирани ИТ услуги на сите на пазарот, во компанија која се фокусира и развива продукти за сегментиран пазар. Две недели откако се приклучив на компанијата, основачот ме праша како може да започнеме бизнис за е-учење во Кина и така започна мојата стартап авантура. Вложив пари во таа идеја, развив бизнис план (што беше џабе потрошено време), најдов неколку партнери кои ми обезбедија содржина и го претставив пред VC инвеститори. Ни понудија една зделка, но се решив да ја одбијам и да се фокусирам на имплементацијата. На крај успеавме да ја развиваме технологијата во Кина и да ја продаваме на училиштата во САД.
Бидејќи ова не беше многу возбудлива работа, јас и мојата жена се приклучивме на Peace Corps и отидовме во Кенија да живееме две години. За тоа време сфатив дека сакам да развивам и почнав да се фокусирам како технологијата може да помогне при економски развој и развој на приватниот сектор, и потоа да се промовира тоа преку донатори кои ќе го забрзаат растот на претприемачите кои отвараат работни места; на што се фокусирав цели шест години, во кои се вклучени и две и пол години во Египет каде менаџирав програма за развој на екосистемот. Моментално работам со 13 различни екосистеми ширум светот“, вели Мајк.
Бидејќи поминав некое време работејќи со претприемачкиот екосистем во Македонија и Албанија, сакав да го чујам неговото мислење за моменталната ситуација и што Мајк работи за да ја подобриме преку SECO Entrepreneurship програмата.
„Имплементираме програма спонзорирана од Швајцарската влада, која има силен фокус на оддржливи работни места, и никој не може да креира оддржливи работни места подобро од претприемачите кои сакаат да ја развијат својата компанија. Затоа нашиот фокус е да го поддржиме растечкиот претприемачки екосистем во Македонија и да помогнеме на претприемачите да растат. Добрата страна е што има поголем број на успешни бизнис луѓе кои сакаат да ги поддржат младите и амбициозни претприемачи, и сум среќен што го видов тоа. Треба да привлечеме повеќе паметни луѓе да се вклучат во претприемништвото. Не би сакал да користам термини од Силициумската долина, бидејќи може да бидат надвор од контекст, но еднорогот се фокусира на валуацијата на компанијата додека ние се фокусираме на добри компании кои сакаат да се развиваат. Мораме да се трудиме да дојдеме во ситуација во која македонските компании размислуваат за решавање на глобални проблеми, не само локални, регионални или европски“, вели Мајк.
Има навистина многу бенефити што заедницата може да ги добие од оваа програма, и да ги забележи разликите. Полека, но сигурно… Кога Мајк и Френк беа тука, сите што беа вклучени во програмата сакаа да соработуваат и да си помагаат еден на друг. На крајот на овој состанок, го прашав Мајк, кои се неговите совети што би ги дал на локалните стартапи:
„Генерално, имам 5 совети за сите стартапи:
- Фокусирајте се на проблемите на пазарот, оние во кое може да се внесете длабоко.
- Претприемништвото е контактен спорт, па некој треба да биде надвор остварувајќи контакти, зборувајќи со потенцијални клиенти, луѓето од индустријата и да учи.
- Размислувајте стратешки за вашиот тим.
- Жените се закон, затоа имајте жени во својот основачки тим за подобар успех.
- Не ја слушајте вревата, ако си го развивате вашиот бизнис секој ден по малку вие сте претприемач“, вели Мајк.
Беше голема чест да се запознае Мајк во Скопје, и да дискутирам со него на најразлични теми. Сигурна сум дека луѓето што го запознаа и работеа со него за време на неговата посета, научија многу и се мотивирани да продолжат со развојот на својот стартап или акцелераторкса програма. Да видиме каде ќе не однесе следниов период…