ИТ форум: Сé што треба да знаете за системите за звук

во Останато

Форумот на IT.mk е место каде што ќе научите за технологијата, и иако има купишта корисни теми, ретки се темите кои се детални како оваа. „Вовед во звучничките системи“ е туторијал напишан од корисникот Flegma за сé што треба да знаете за системите за звук – од нивните поделби до нивните делови. Подолу е само мал извадок од туторијалот кој може да го најдете на форумот на IT.mk.

Наместо досаден предговор: Како што претходно кажав, напишав тема на која и дадов едно фино и сувопарно име, односно име со префикс „Вовед“ во звучничките системи. Вовед затоа што, и покрај големината, темава која следи ни приближно не ги начнува сите проблеми поврзани со истите туку служи како еден вид ориентир за избор на звучници и подлога за понатамошна дискусија. При составувањето на темата максимално се трудев да нема фаворизирање на брендови и лични искуства. Се надевам дека ќе ви се допадне:

… Посебно голем проблем е тоа што ефикасноста кај динамичките звучници е секогаш обратно пропорционална на нивната фреквентна линеарност, односно колку поголема линеарност толку помала искористеност.

Сите звучници, сами по себе, произведуваат огромна количина на изобличувања. Од оние кои се појавуваат заради кабинетот, заради самите единици па се до скретницата. Во добрите звучници голем дел од тие изобличувања ќе бидат миноризирани по механички пат – со употреба на добри материјали и врвна конструкција на кутијата и по електричен пат – со употреба на напредна скретница и користење на квалитетно интерно ожичување.

Меѓутоа вградувањето на звучничките единици во кутија има и свои добри страни. Како прво тоа е досега најдобар начин да звучник со мали димензии свири прилично гласно и како друго, воздухот внатре колку и да глуми амортизер придонесува како придушен материјал кој ги спречува единиците да вибрираат предолго и неконтролирано.

Звучничките кабинети не се и не смеат да бидат произведувачи на звук туку единствено треба да бидат репродуктори и нивна задача е да го ослободат звукот од примесите на сопствениот карактер. Значи, што помалку влијание, толку подобро.

Од друга страна, пак, не постои кабинет кој не вибрира заедно со тактовите на музиката. Кај лошо дизајнираните звучници вибрациите (на одредени фреквенции) можат да бидат повеќе снажни и повеќе чујни од оригиналниот звук. Овој „говор“ на кутијата кај лошо дизајнираните звучници често продолжува и после прекинот на работа на звучните единици со што снажно го изобличува звукот давајќи му фреквенции кои изворно не постојат и така го оптеретува со двоен фокус, правејќи го звучникот поголем отколку што треба и уништувајќи му ги деталите.

Повеќето кабинети се многу осетливи на вибрации а тоа многу добро го знаат сите аудиофили па не е реткост по салоните истите да бидат видени како ги потчукнуваат кабинетите или викаат на нив(!) по пат слушајќи ја нивната природа, боја и траење на вибрациите.

Затоа е потребна особена претпазливост кога наидуваме на кабинет кој, после надворешна надразба, дава звук на буре или празен орман. Најблиски до идеалот би биле кутиите кои звучат како да сте удриле во цврст носечки ѕид или како при удар во (цврсто) масивно, полно дрво…“

Целиот „Вовед“, заедно со можност да додадете, прашате и дискутирате на темата, ќе најдете на форумот на IT.mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments