#StartupSelfie со Френк Нојригат од Startup Weekend

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Startup Weekend Skopje за мене беше првиот „стартап настан“ на кој бев во мојот град. Септември 2014 и се сеќавам како да беше вчера… тоа беше важен настан за многу луѓе што ги сретнав, вклучувајќи ме и мене. Какво влијание имаше врз мене можете да прочитате во „Приказната за мојот град… Скопје“ и од тогаш, не престанав да го поддржувам Startup Weekend. Но, кој знаеше дека ќе дојде ден, кога ќе го запознам еден од ко-основачите…

Преку SECO Entrepreneurship програмата што се имплементира од Swisscontact, како советник за еко-системот, #MKstartups заедницата ќе може многу полесно да соработува со Startup Weekened и единствениот Френк Нојригат. Сите ја добивме неговата порака дека доаѓа во Скопје точно на неговиот роденден, па веднаш организиравме дочек и роденденска забава.

12795556_1334582983234696_282243114807197027_n

Бидејќи тој требаше да помине две недели во Скопје, се согласивме да направиме два блог постови; првиот ќе биде за неговата приказна и вториот за неговото искуство со #MKStartups заедницата. Веќе имав подготвени прашање за него, бидејќи бев возбудена дека имам шанса да ја споделам неговата приказна. Но, првин бев заинтересирана да откријам за приказната зад Startup Weekend… како се случи тоа за тебе?

„Startup Weekend е непрофитна организација стартувана од малечок стан во Сиетл. Бевме 4 луѓе што живеевме тамо, нашиот стан имаше поглед на езерото Вашингтон, каде ја гледавме куќата на Бил Гејтс секој ден. И уште еден интересен факт, како и да изгледа клише ние всушност ги собравме првите пари од пишување на буџет на позадина на салфетка. Кога стартуваш бизнис, работите се вообичаено хаотични, иако тоа беа најдобрите времиња што сум ги имал до сега!

Ја имавме визијата од почетокот, а Startup Weekend стартуваше како профитна организација основана од Eндрју Хајд, но видовме дека има поголема заедница ако стартуваме како непрофитна, и го откупивме назад во 2009-тагодина. Уште ден интересен факт, е дека како големо семејство, Startup Weekend е дел од Techstars и Ендрју го предводи сега Startup Week, уште една добра програма што тој ја направи. Имавме многу внатрешни дебати за нашата заедница, но на крај го видовме големиот потенцијал од тимството до Techstarts. Навраќајќи се кон суштинските вредности, мислам на Techstars како на заедницата зад него.. на луѓето како Дејвид Коен, Бред Филд, Дејвид Брау… Мери Грув која го води Google for Entrepreneuers, која е уште вклучена во активната диверзификација, преку вклучување на повеќе жени во претприемништвото. Сакавме Startup Weekend да биде независна од корпоративни спонзорства, и изградивме нов економски модел кој имаше смисла за да се мотивира спојувањето. Можеби тоа што ме прави најгорд се Startup Weekend-ите како оној што го имавме помеѓу Израелци и Палестинци, или Startup Weekend во бразилските фавели, или еден за време на револуцијата во Египет… верувам дека претприемништвото има универзална вредност за слобода и мир“, вели Френк.

Сите знаеме дека Startup Weekend се случува во повеќе земји отколку што Starbuck има отворено кафитерии, и тоа е факт. Но, бев љубопитна да го чујам мислењето на Френк за кои се клучните фактори за успехот на Startup Weekend?

„Клучот е за им се даде моќ и доверба на луѓето што не ги познавам, кои бараат од тебе помош; тоа е толку едноставно. Пасијата е клучот и ништо не е поважно за успехот отколку да ја одржуваш таа пасија на глобално ниво. Успехот доаѓа од латинскиот збор кој значи да стигнеш до некоја цел. Но, никогаш не мислам на термини како успех или неуспех. Мојата основа е приказната. Дали градам добра приказна? Дали им помагам на другите да направат добра приказната. Приказните имаат успеси и падови… И тоа што сакате да го избегнете се досадни приказни каде ништо не се случува“, вели тој.

Сега тој се фокусира повеќе на својот нов стартап ReCorp… но првин сакав да чујам за најважниот совет кој Френк го има добиено и кои се неговите цели со ReCorp?

„Никогаш не слушам совети, но научив многу од моите ментори: Сенека, ПТ Барнум, Ричард Фејнман, Реј Крок… Би споделил само еден совет кој Сенека му го даде на Луциус во писмо за краткотрајноста на животот: „Делот од животот кој навистина го живееме е навистина мал. За останатиот дел од постоењето не е живеење, туку само време“, од непознат поет… Откако работев повеќе од шест години помагајќи им на претприемачите да се искачат на стартап скалилото, завршивме со креирање на навистина основен екосистем. Сега, повеќе организации се вклучија и никогаш не е полесно да се стартува компанијата. Но, што се случува со талентот што се рециклира? Во индустрија со транзиција од над 90% е важно да се гледа на вредностите кои ги испуштаме. Потешко е да се стартува стартап отколку да добиеш диплома од Харвард. Но, од друга страна, големите корпорации се соочуваат со голем ризик да бидат прегазени, и верувам дека тоа е тешко за економијата. Мешањето на двата света ќе ни дозволи да го промениме начинот како големите компании го пренасочуваат својот капитал. Конечната цел на ReCorp е да му помогнеме на Илон Маск да расне и да ја ослободи моќта и енергијата на таканаречените intrapreneurs“, вели Френк.

Беше навистина задоволство да го имаме Френк како гостин во Македонија. Тој е навистина посветен да и помогна не #MKStartup заедницата да се развие, и наскоро ќе читате ново #StartupSelfie за неговото искуство со некои локални стартапи…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] двете недели додека тој беше тука. Во претходниот пост Френк зборуваше за неговата приказна со #StartupWeekend и неговиот нов стартап Recorp. Имав чест да работам со […]

trackback

[…] напорен период за #MKStartups заедницата. Френк Нојригат работеше со различни стартапи во последниве 10 дена, и […]

trackback
8 years ago

[…] напорен период за #MKStartups заедницата. Френк Нојригат работеше со различни стартапи во последниве 10 дена, и […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk