Стартапот CodeWell се најде меѓу Националните шампиони на European Business Awards 2014

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Македонскиот стартап CodeWell заедно со неколку реномирани компании e избран за Национален шампион на Македонија на 8-мите European Business Awards. Признанието, кои им се дава на компании со значителен успех во последните две години, им е доделено и на поголеми македонски компании како Макстил, iVote, Duna Computers, Diners Club Macedonia, Прилепска Пиварница и други.

Но, меѓу нив само CodeWell е помлад стартап, основан пред три години, кој аплицираше со своите мобилните апликации за Драмски театар, Охридско лето, Македонската филхармонија и други, со кои допринесе за подигнување на културно ниво во Македонија; но понуди и решавање на проблемите на граѓаните со Види, пријави и поправи. Иако CodeWell е горд на признанието, сепак останува и втората рунда од натпреварувањето. Основачот на компанијата, 24-годишниот Нино Карас, вели дека „со нетрпение ја очекуваме следната фаза на процесот на судењето, во која што ќе можеме подобро да го претставиме постигнатиот успех на нашата компанија“.

На натпреварот се пријавија над 24.000 компании од 33 држави, но само 709 се прогласени како Национални шампиони. Шампионите учествуваат во втората рунда каде жирито ќе ги прогласи добитниците на Ruban d’Honneur статусoт, со кој ќе може да се учествува на големото финале во 2015-та година. Им посакуваме среќа на сите македонски компании.

EBA Event Film 2013 from TRACC Films on Vimeo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments