Невролози ја направија првата човечка „мозок до мозок“ комуникација

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

За прв пат во историјата тим невролози успеа во неинвазивна постапка да пренесе комуникација од мозок-до-мозок од еден до друг испитаник. Станува збор за едноставна комуникација во која тестерите си испратија по еден збор, пренесе i09. Експериментот се одржа на две локации во Индија и во Франција, а учесниците на ова растојание од 8.000 километри, си испратија телепатско „hola“ и „ciao“. Трансмисијата е асистирана со помош на компјутер кој заедно со електроцефалограм и транскраниална магнетна стимулација со помош на слика го овозможува телепатскиот пренос.

Најпрво со електроцефалограм научниците во Индија ги преведоа „hola“ и „ciao“ во бинарна верзија и ги испратија во Франција, тука со помош на компјутер-мозок интерфејс пораките беа испратени до „приемниците“ кој ги добиваат како светлосни сигнали во периферниот вид-фосфени. Тестираната технoлогија е далеку од елегантна и потребно е уште развивање, но претставува прв значаен чекор. Иако претходно научнициоте имаат експериментирано, па дури успеаjа да овозможат мрдање на опаш на медицински глушец со помош на мозочни бранови, овој пат за прв пат како краен применик се користи човечки мозок.

„Со користење на напредни прецизни невро-технологии вклучувајќи и бежичен пренос на EEG и роботизиран TMS, можевме да пренесеме мисла од еден корисник на друг, без тие да треба да пишуваат или говорат. Ова самото по себе е исклучителен чекот во човечката комуникација, но тоа што можевме да го направиме ова од локации кои се на растојание од илјадници километри, е исклучителен доказ за развојот на комуникација мозок-до-мозок. Веруваме дека експериментите се важен прв чекор во истражување на можноста на комплементирањето или заменувањето на традиционалниот јазик и моторна комуникација“, вели Алваро Паскал-Леон, еден од авторите на истражувањето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments