Друштвената мрежа изработена од македонски професионалци, Solaborate, објави Windows 8 апликација

во ИТ.МК, Совети

Solaborate, друштвената мрежа која е изработена од македонски програмери, објави нова апликација. Овојпат на мобилните iOS и Android верзии, и ја додаваат и Windows 8.1 десктоп апликацијата која треба да го олесни поврзувањето и соработката помеѓу професионалците.

Solaborate e друштвена мрежа основана од Лабинот Битучи од Лос Анџелес, кој инвестираше еден милион долари во неа, и креирана од тимови во Скопје и Приштина. Целта на мрежата е да ги поврзе ИТ професионалците да споделуваат и соработуваат на проекти. Затоа и Windows 8.1 апликацијата е направена „да ја зголеми продуктивноста, воедно зачувувајќи го познатиот интерфејс кој е лесен за користење и работи со голема брзина“.

Десктоп апликацијата нуди едноставен интерфејс за соработка во реално време преку чет и видео, News Feed со вести на Live Tiles, праќање приватни пораки преку листа на контакти, вклучувајќи ги и тие офлајн, и техничка поддршка за продуктите и услугите од Windows декстоп.

[youtube]xOZSzwuWbww[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments