Somerville конечно излегува и за PlayStation!

На сличен начин како култните хитови Limbo и Inside, Somerville е имерзивна авантура која ви раскажува емоционална приказна без зборување. Наративното клупче се одмотува преку визуелни тактики, така што ви дозволува да истражувате застрашувачко-преубави предели, да барате решенија на вонземни загатки и од петни жили да се трудите да се обедините со семејството. Somerville излезе за PC и Xbox минатата година, а денеска е денот кога оваа авантура може да се искуси и преку PS5.

Како се разликува PS5 верзијата на Somerville од верзиите за другите платформи?

Според девелоперите Jumpship, PS5 верзијата е најдобрата верзија на Somerville бидејќи се одликува со бројни исправки и подобрувања кои го прават целото искуство пофлуидно, а и максимално се користат уникатните можности на PS5, можности како haptic feedback и DualSense 5 Lightbar. Па така, во зависност од тоа што се случува во играта, контролерот ќе вибрира на најразлични начини, се со цел најдобро да се пренесе моментно дејство. Паралелно со тоа, осветлувањето на контролерот се менува и соодвестува со моќите кои се користат во играта. Само комбинација од овие работи допринесуваат до значително поимерзивно искуство, нешто што е од особено значење за една авантура.

Во поглед на приказната и механиките, Somerville е истата авантура со истата приказна. Една ноќ вие и вашето семејство ќе бидете во центар на вонземен напад. Мислејќи дека сте мртви, вашето семејство ќе ве остави во куќата и ќе отиде во непознат правец. Набргу, ќе се разбудите со вашето верно кутре во куќата и ќе започнете несигурна, но очајна потрага по вашата жена и дете. Но, светот е сменет и доколку сакате да преживеете и да ја остварите целта, потребно е да играте по нови правила и да употребувате моќи кои ги кршат одредени физички закони.

Нам ни се допадна тоа што загатките не се премногу комплицирани и, обично, се засноваат на насочување светло и користење на вонземната моќ преку вашата рака за да се претпопи цврстата вонземна материја во течна состојба и да се отвори нов правец кон кој може да се напредува. На овој начин, пет-часовната приказна никогаш не стои во простор и место туку постојано е во одредено органско движење и ве турка со едно исто темпо.

Кои се Jumpship и Thunderful, компаниите кои стојат за Somerville?

Jumpship e британско независно развојно студио за игри со челни лица како Крис Олсен и Дино Пати. Ова се девелопери кои претходно имаат вмешано прсти во создавањето на критички-признаените Limbo и Inside. Во 2022 година, студиото беше купено од Thunderful.

Основана во 2017 година, Thunderful Group е група од компании која развива, објавува и инвестира во игри. Моментно, групата има 11 развојни студија и над 400 вработени, а една од најнови хитови е Viewfinder – игра која апсолутно не фасцинира и за која со задоволство пишувавме рецензија.

Ако нешто има Somerville тоа се силни раскажувачки техники кои се целосно засноваат на визуелни прикази, потковани со минималистички аудио дизајн. Како резултат, Jumpship имаат направено ремек дело; феноменална sci-fi авантура која мајсторски ве вовлекува во емоционално патување низ разрушен, но преубаво прикажан свет. Доколку никогаш не сте ја играле, тогаш ова е прилика која не би требало да ја пропуштите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Jumpship
  • Издава: Thunderful
  • Жанр: емоционална авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 31 август 2023

Оценка

  • Вкупна оценка: 8.75
  • Приказна: 9
  • Гејмплеј: 8
  • Графика: 10
  • Звук и музика: 8

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk