0 коментари 2 мин. читање 31 август, 2023

Бројни алатки за секакви операции со Tooly

Во денешно време, ни треба алатка за сѐ и сешто. Како резултат, постојано лутаме од еден кон друг веб сајт или од апликација до апликација. Но што доколку пробаме да добиеме пристап од едно место до бројни алатки. Tooly е еден таков центар кој обединува различни алатки за секакви операции.

Tooly – Tiny Tools Collection е апликација која ќе им користи и на студентите и на наставниците и на оние кои работат во канцелари и на оние кои професионално се занимаваат со програмирање.

Нема што нема во Tooly! Преку шест категории, добивате пристап до алатки за текст, за пресметки, за конверзија, за уредување слики и ред други работи. Па така, можете да добиете инстантен увид за тоа колку карактери има во еден текст или да менувате фонтови во друг. Во поглед на фотографии, лесно ќе дојдете до брзи и лесни можности за нивно сечење или промена на големина. А, нема да бидете ни разочарани доколку сакате да извршите одредени пресметки поврзани со алгебра, геометрија, и слично.

Што мислите вие? Која е вашиот избор кога се работи за апликација со колекција од алатки?

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top