Саудиска Арабија и ОАЕ во трка и за купување на Nvidia чипови за вештачка интелигенција

Обединетите Арапски Емирати, во прв план Дубаи и Абу Даби последниве години прераснуваат во се поголеми центри на моќ. Додека пак, Саудиска Арабија се најде во центарот на вниманието откако Кристијано Роналдо направи трансфер во Ал Насср. Роналдо е еден од надобрите фудбалери на сите времиња, а моментално е и најследената личност на Инстаграм со 600 милиони следбеници. Неговото влијание е огромно, а по неговиот трансфер следуваа и низа други трансфери на фудбалери од светската елита – како тој на Меси во Интер Мајами. Фудбалската лига на Саудиска Арабија никогаш не била попопуларна, а веќе на големо се зборува околу можноста оваа лига да има свој претставник во лигата на шампионите на УЕФА. Трансферот на Роналдо во Саудиска Арабија со сигурност веќе претставува почеток на една нова ера во светот на фудбалот, но дали овој апетит за доминација на Блискиот исток ќе има влијание и во други сектори? 

ОАЕ и Саудиска Арабија, земјите кои создадоа богатсво благодарение на нафтата, почнуваат да се фокусираат и во други сектори. На сите им е јасно дека нафтата нема да трае вечно, па така овие земји почнуваат капиталот да го пренасочуваат во скоро сите сектори, со особено внимание за оние најпопуларните како што е вештачката интелигенција. Овие две земји се во трка за купување на што повеќе Nvidia чипови со цел да ги задоволат амбициите поврзани со генеративна вештачка интелигенција. Од друга страна Nvidia се соочува со проблеми со испораката, поради големиот интерес. Според неофицијални извори, Саудиска Арабија има купено околу 3000 Nvidia H100 чипа кои што чинат околу 120 милиони долари (еден чип чини околу 40 000 долари). Со овие инвестиции, им се придружуваат во играта на Илон Маск и кинеските технолошки гиганти ByteDance (во чија сопственост е TikTok) и Alibaba. 

Каков чип е Nvidia H100? 

Чипот H100, дел од архитектуратa “Hopper” е најмоќниот чип направен до сега и фокусиран на вештачката интелигенција. Содржи 80 милијарди транзистори кои што имаат за цел да ги забрзаат задачите на машинското учење. Нуди исти перформанси како и чипот A100 но со 3,5 пати подобра енергетска ефикасност. Исто така, поддржува Nvidia NVLink, подобрувајќи ги перформансите преку поврзување на GPU. Наоѓа примена во здравството, индустријата, суперкомпјутерите, апликациите во облак и во повеќе гранки на вештачката интелигенција. 

Која е целта на Саудиска Арабија? 

Саудиска Арабија ја претстави својата Национална стратегија за податоци и вештачка интелигенција (NSDAI), амбициозна иницијатива која има за цел да ја поттикне земјата до глобална лидерска позиција за вештачка интелигенција до крајот на деценијата. Оваа сеопфатна стратегија опфаќа развој на вештини, регулација на политики, иновации во истражувањето и негување на екосистемот. Крајната цел е вештачката интелигенција да биде движечка сила зад растот на Саудиска Арабија во следните 10 години. Со целна инвестиција од 20 милијарди долари до 2030 година, NSDAI има за цел да создаде погодна средина за напредок на над 300 стартапи кои ќе се бават со вештачка интелигенција и податоци. Д-р Абдула Бин Шараф Алгамди, претседател на Саудиската управа за податоци и вештачка интелигенција (SDAIA), ги замислува саудиските мегапроекти како полиња за тестирање на вештачката интелигенција, вклучувајќи ги NEOM и Qiddiya. Плановите на SDAIA вклучуваат обука на 2.000 локални специјалисти за податоци и вештачка интелигенција и соработува со ентитети како Huawei за да ги унапреди способностите за вештачка интелигенција. SDAIA, поврзана со саудискиот премиер и управувана од престолонаследникот Мохамед Бин Салман, е на чело на оваа трансформативна иницијатива. Дали Саудијците ќе ги реализираат своите планови, останува да видиме…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments