Solaboratе, друштвената мрежа за професионалци направена во Скопје и Приштина, стартува алатки за аналитика

6 коментари 1 мин. читање

Solaborate, друштвена мрежа за професионалци, нарачана од американец, а изработена од тим од македонски програмери, сега стартува нови алатки за аналитика – Insights и Dashboard – со кои ќе можат компаниите и професионалците во реално време да го мерат ефектот на својата активност на мрежата. Ова е една од поголемите новини во мрежата која во октомври стартуваше во јавна бета, откако беше изработена целосно од тим во Скопје од 18 програмери и дизајнери, со помош од тим во Приштина, а поддржана со инвестиција од еден милион долари од Лос Анѓелес.

Со алатките за аналитика на Solaborate, налик на Facebook, ќе може да се мерат прегледите на најразличната споделена содржина, од документи, демоа на продукти, видеа и блог постови. Aктивностите се сумирани во анонимна статистика на лајкови, споделување, демографии и трендови во реално време. Ќе има и систем за мерење на професионалното и социјалното влијание.

“Ние разбираме дека е многу тешко да ја подобрите и измерите важата активност, и поради овие причини им обезбедивме на нашите корисници увиди за да им помогнеме да ја измерат активноста на нивните лични профили, како и профилите на нивните компании, призводи и услуги во реално време“, вели Лабинот Битиќи, основач и директор на Solaborate.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top