Заедно со роаминг реформите, Европскиот Парламент донесе пакет реформи со кои ја поддржи нет-неутралноста. Законот предвидува и отстранување на сите легални замки кои операторите би можеле да ги користат за да ја нарушат интернет неутралноста. Новите амандмани на предлог-законот на претседателката на Европската Комисија, Нели Крус, предложено од социјалистите, либералите, Партијата на зелените и Левиот блок во Европскиот Парламент, гарантираат сите веб сервиси да бидат еднакви, и да нема фаворизирање на специјализирани услуги на провајдерите.
Couldn't be happier!! Great result in EU Parl in favour of #ConnectedContinent !!
#roaming #netneutrality
— Neelie Kroes (@NeelieKroesEU) April 3, 2014
Амандманот 234 ја дефинира нет-неутралноста како „принцип според кој секој интернет сообраќај се третира еднакво, без дискриминација или ограничувања“. Ова значи дека локалниот сајт има исто толкава важност како и сајтовите на големите компании кои им плаќаат на провајдерите да ги фаворизираат во замена за побрз пристап, како што на пример се случува во САД каде Netflix им плаќа на провајдерите за да биде побрзо достапен преку нивните мрежи. Во таков случај, без фер правила, провајдерите нема да иновираат, туку едноставно го менаџираат својот сообраќај според тоа кој колку им платил, оставајќи ги другите со поспор пристап.
Според европските закони, нет-неутралноста ги опфаќа сите сајтови, видови на содржина, услуги, мобилни апликации и уреди преку кои се пристапува; и им забранува на провајдерите да промовираат свои „специјализирани сервиси, оптимизирани за специфична содржина, апликација или сервис“; тие може да се промовираат само ако има мрежен капацитет да се обезбеди заедно со останатите интернет сервиси. Нет-неутралноста ќе значи дека операторите нема да можат да блокираат апликации кои им се конкуренти, пример апликации како Viber и WhatsApp кои им го намалуваат приходот од SMS пораките. Идеално, нет-неутралноста за крајниот корисник ќе значи дека во Европа сите интернет сервиси се еднакви; секој провајдер мора да гарантира квалитет; ќе има поголема транспарентност во понудите, односно луѓето мора да знаат што добиваат и со која брзија; и ќе може полесно да се замени провајдерот.
„Мнозинството избраници се согласија и гласаа да ја поддржат нет-неутралноста во Европа. Предолзите од Комисијата, кои ќе им овозможеа на големите провајдери да ги дискриминираат корисницте како што нив им одговара се поправени. Денешното гласање експлицитно ќе овозможи интернет неутралност и се надеваме дека ќе обезбеди еднакви услови за сите сервиси и корисници…“, вели Амелија Андердотер претставник во Европскиот Парламент од Шведска.
Но, телеком индустријата се побуни против одлуката, велејќи дека ваквите правила ќе „ја намалат иновацијата“ во промовирање на подобри услуги и се „анти-избор“, основани на погрешни сфаќања за како функционира индустријата, и на избрзана легислатива направена без техничка анализа. Можно е да има и повисоки цени за сервисите бидејќи провајдерите ќе треба да обезбедат подобра инфраструктура која ќе ги подржи ветените брзини за сите сајтови, наместо како до сега да ја оптимизираат брзината зависно од сообраќајот.
Изгласувањето на финалната верзија на законот останува за следниот состав на парламентот, а како што е случај со сите закони во ЕУ, потоа ќе оди на ратификација во парламентите на државите членки на Унијата.
Ова нема да се случи ни за 100 години а не до крајот на годината. Мислам за нет неутралноста.