Апликација на денот: Читајте македонски вести со Klik за iOS

2 коментари 1 мин. читање

Klik е iOS апликација од Кирил Кироски која не информира за вестите околу нас. Апликацијата е наменета пред сѐ за македонските корисници кои можат едноставно и брзо да се запознаат со настаните, следејќи ги сториите и текстовите на разните македонски портали. Апликацијата ги собира линковите на најразлични теми, на пример економија, занимливости, анализи или Македонија и ги персонализира за корисникот. Klik овозможува брзо преземање и организација на темите од голем број на портали.

Откако корисникот ќе ги одбере содржините и темите кои го интересираат, Klik ги собира содржините од порталите и ги презентира на неговиот уред. Освен ова корисникот може и да одбере некои од омилените портали, па апликацијата ќе му ги презентира сите статии излезени на порталот. Апликацијата презентира линкови од темите, па доколку некоја го заинтересира корисникот може со кликање на линкот да отиде на порталот и да ја прочита целата статија. Klik има и интеграција со Game Center, па корисниците можат едноставно да ја проверат табелата и да освојуваат трофеи.

Покрај Klik, Кирил е автор и на модификацијата на Flappy Bird, Flappy Macedonia, во која корисниците треба да ја балансираат „Македонија“ помеѓу двете доминантни полички партии, а има работено и на повеќе видеоигри за iOS. Подолу е видео од презентацијата на Кирил на Mobile Monday Macedonia.

[youtube]W8-FNjoG3As[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top