Со Facebook Friend Finder лесно ќе направите листи на пријатели како во Google+

Една од големите предности на Google+ е тоа што можете лесно да ги класифицирате пријателите во листи, и според тоа да објавувате информации за специфични групи на пријатели. Facebook најчесто тешко се снаоѓаше со групирањето на пријателите, и листите на пријатели воглавно ни се неискористени на нашите Facebook профили.

Затоа менаџерот за продукти на Facebook, Мајк Хадак, се нафати самоиницијативно да го реши тој проблем, така што ќе направи апликација која ќе биде по пример на Google+. Со неа сега ќе можете да си правите листи на пријатели со едноставно влечење и спуштање (drag and drop).

Неговиот Friend Manager автоматски ви ги подредува пријателите од вашиот Facebook профил, во три групи, зависно од тоа колку сте комуницирале со нив. Постои група на регуларни пријатели, блиски пријатели и луѓе што само ги познавате. Одкако ќе ја посетите старната, Friend Manager ќе ве праша дали сакате да се логирате преку вашиот Facebook профил, а потоа ќе ви ги прикаже различните групи на вашите пријатели.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk