Русија се закани дека ќе го забави пристапот до Google и неговите сервиси

во Свет

Русија го казни Google со 6 милиони рубљи (82 000 долари) откако компанијата не избриша содржина која е забранета во Русија. Одлуката на судот доаѓа откако Google не ги исполни барањата на Руската агенција за управување со интернет – Роскомназдор.

Агенцијата на почетокот на неделата му даде на Google 24 часа да избрише над 26 000 содржини. Дел од содржините кои се дел од ова барање за отстранување се повиците за протести по повод приведувањето на Алексеј Навални. Г. Навални е лидер на опозицијата и критичар на претседателот Владимир Путин, од 2-ри февруари е на отслужување на затворска казна во траење од 2 и пол години.

Властите во Русија сметаа дека повиците за учество на друштвените мрежи повикувале присуство на деца, што е забрането во Русија. Покрај ова, Русија го обвини YouTube дека го ограничува пристапот на руските медиуми RT и Sputnik.

За Google финансискиот дел од казната е и помалку од симболичен. Позагрижувачка е заканата дека Русија размислува да ги забави интернет пристапот до платформите и сервисите на Google. Жртва на овие мерки веќе е Twitter кој не го исполни барањето на властите да отстрани 3000 објави, пренесе BBC.

Покрај Google за сличен престап казна доби и Facebook. Најголемата друштвена мрежа е казнета 354 000 долари. Неодамна властите во Русија им изрекоа казни и на Twitter, и на платформата за споделување на куси видеа TikTok.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments