Друштвената мрежа за споделување локации реши да ги прифати слободните OpenStreetMap, и да ги интегрира во својата мрежа. Ова значи дека наместо Google Maps ќе гледате малку поинакви мапи, но не и помалку детални.
Foursquare објаснува дека одлуката за промена на мапа е да си направат своја детална мапа, користејќи ги податоците од OpenStreetMap, кој е „краудсорсирана“ слободна мапа. За таа цел друштвената мрежа се сврти кон MapBox, стартап кој изработува мапи користејќи ги податоците на OpenStreetMap и започнаа соработка.
Според Foursqure, бидејќи мапите се базирани на OpenStreetMap тие ќе стануваат се подобри и подобри, и ќе добијат на флексибилност како промена на боите и фонтот според нивна естетика. Дополнително, мапите дозволуваат користење на Leaflet Javascrip библиотека за интерактивност на мапите.