Со Microsoft Illumishare ќе можете да споделувате дигитални објекти

Прототипот се вика Illumishare и се работи за систем што може да споделува физички и дигитални објекти преку интернет, кои се присутни врз одредена површина. Illumishare користи Kinect сензори кои се поставени веднаш над површината која се споделува и таа ги снима сите објекти кои се поставуваат во тој регион, за скоро инстантно да ги сподели со другиот корисник кој го има истиот систем пред него.

На овој начин вие ќе можете да преместувате предмети, да пишувате врз површината да правите поправки директно врз физички објекти, чија слика ја добива вториот учесник од другата страна.

Прва корист за овој систем би била за тутори, што ќе можат да им помагаат на ученици и тие желни за знаење, безразлика колку далеку се еден од друг. Успехот на начинот на предавање на Салман Кан, човекот што стои позади Khan Academy, со неговите видеа на кои тој користи дигитално пенкало, може да се посочи како одличен пример за како ваков вид на технологии успеваат практично.

Погледајте го видеото и оценете самите колку е успешна оваа технологија и дали ќе биде помасовно искористена.

[youtube]ewmw8fUTa0Y[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments