BitTorrent ја објави BitTorrent Surf екстензијата за Google Chrome со која на корисниците им се овозможува брзо преземање на торенти директно преку прелистувачот.
Несомнено е дека голем број корисници ги користат торентите за симнување пиратерија, од филмови, музика до игри, апликации и друг вид на датотеки, и најчесто користат уште една дополнителна апликација специјализирана за тоа. Затоа, доколку не сакате да отварате дополнителни процеси, инсталирајте го BitTorrent Surf (Alpha).
Покрај самото преземање на торенти, BitTorrent Surf нуди и пребарување на торенти низ повеќе торент сајтови, како и можност самите да си додадете веб-сајт кој би го пребарувале.
[youtube]4bvwNUabmrA[/youtube]







