1 коментар 1 мин. читање

Отстранете ги несаканите апликации и екстензии со Wise Program Uninstaller

Постојано инсталирање и отстранување апликации не се препорачува, особено доколку сакате стабилна и брза работа во вашата Windows околина. Но, кога веќе бришете, направете го темелно и ефикасно.

Wise Program Uninstaller брише Windows апликации на брз и темелен начин, преку едноставен кориснички интерфејс. Енџинот врши целосен и детален скен, искоренувајќи ги сите фајлови, фолдери и регистри поврзани со програмот.

Најновата трета верзија на Wise Program Uninstaller има два поголеми новитети. Од една страна, распоредот на елементите е целосно променет и, овојпат, многу потсетува на Settings прозорецот од Windows 10 и 11. Од друга страна, сега е можно да отстраните и екстензии за прелистувачите Chrome, Firefox, Edge, па дури и Internet Explorer. Ова е една од одамна посакуван новитет од заедницата и конечно од едно место можете да ги отстраните сите екстензии од кои повеќе немате потреба. За пофалба е и тоа што од еднаш можете да одбележите повеќе работи и со еден клик сите да ги отстраните.

Wise Program Uninstaller е одлична апликација и за отстранување апликации кои не сакаат да се отстранат на нормален начин. Инаку, целосно е бесплатна и не мора да ја инсталирате за да ја користите, туку само го преземате и покренувате преносливиот фајл.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top