Што ќе ни претстави Facebook на утрешниот настан „Дојдете и видете што градиме“?

„Come and see what we’re building“ се вели во поканата која Facebook ја испрати на новинарите за настан за кој нема поголемо објаснување. Што толку гради Facebook, сè уште не ни е целосно познато, но сигурно ќе дознаеме утре нешто по 19:00 часот за кога е закажана прес конференцјата во Менло Парк, Калифоринија.

Можеби ќе претстави некои од функционалностите кои беа во развој и беа достапни само на неколку луѓе, или нешто сосема трето, нешто што најмалку го очекуваме. Facebook во последниот период активно поработи на подобрување опцијата Nearby во своите мобилни апликации. Така можете лесно да ја истражите околината и да видите што вашите пријатели препорачуваат таму. Но, таа опција е достапна само на мобилните, можеби на утрешниот настан ќе претстават и веб верзија на Nearby што сигурно би резултирало со поголема користеност.

Според TechCrunch и други ИТ блогови, постои голема шанса Facebook да претстави понапредно пребарување со подобри филтри за пребарување на пријатели според градот во кој живеат, каде го завршиле своите образование или каде студираат. Facebook веќе долго време ги собира сите овие кориснички информации и можеби е време кога тие информации ќе бидат ставени во корист и на корисниците, не само на маркетинг агенциите. Но, кога сме кај маркетинг агенциите, една од информациите кои се шири низ интернет е дека од Facebook работат на подобар автоматизиран алгоритам за ротирање на рекламите, така што на корисниците би им се понудиле свежи и нови реклами, наместо прикажувањето на едни исти реклами. Засега Facebook работи на својот FBX систем кој е базиран на колачињата и рекламите кои ги нуди се според тоа кои продукти и веб-сајтови ги имате посетувано.

Видео разговори како конкуренција на Google Hangout е одличен начин да се видите и поразговарате со некој пријател на далечна локација. Facebook има вградена видео можност во партнерство со Skype, но подолго време ништо не е чепнато на тоа поле. Сепак, Google со својот продукт се премногу пред Facebook, што би било навистина тешко да се достигне тоа што тие го имаат постигнато. Но, голем чекор би направиле доколку видео рзговорите ги воведат во Facebook Messenger-от.

И за крај, една тема која веќе многу долго време се отварала за дискусија е Facebook мобилен телефон, но Марк Закерберг веќе неколкупати ја има демантирано таа вест.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments