0 коментари 2 мин. читање 22 февруари, 2023

Преземете ги сите слики од веб страна со ImageAssistant

ImageAssistant е ектензија за Chrome и Firefox која ви дозволува да ги преземете сите слики од веб страната на која моментно се наоѓате. Ова е корисно затоа што понекогаш сакате да ги преземете сите слики што ги има поставено во некоја галерија и не сакате да губите време за рачно избирање и преземање на секоја слика посебно.

ImageAssistant е доволно напредна екстензија која ви дозволува да изберете што точно сакате да преземете и во која резолуција да биде преземеното. Имено, не се работи за целосно автоматизиран процес и ако на некоја страна има 50 слики не значи дека морате сите да ги преземете, туку само оние кои претходно ќе ги одбележите. По избирање и на форматот во кој сакате да ги преземете сликите, истите набргу ќе се најдат на вашиот хард диск.

За да успее во горе-кажаното, ImageAssistant врши напредна анализа на целата страна, а, по потреба, можете да преземате слики од повеќе од една страница од еднаш. За крај, ќе најдете и симпатичен уредник на слики. Уредникот не прави чуда, но е добредојдена опција доколку сакате на брзинка да прегледате или минимално уредите некоја фотографија од една иста појдовна точка.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}