Smartwine е нова македонска апликација, развиена од Институтот за телекомуникации при Факултет за електротехника и информациски технологии, која го автоматизира производството на гројзе и вино. Апликацијата е базирана на сензорска мрежа во облакот која се поставува во насадите, и овозможува 24-часовен мониторинг за состојбата на лозовите насади, со што се намалуваат опасностите од болести на растенијата, суша и мраз, но и им заштедува време на производителите. Тоа што го прави Smartwine уште поинтересен проект е што може да се примени и во другите земјоделски гранки и може да се користи на било кој пазар во светот.
Smartwine е финансирана од Македонски Телеком, и е првиот од петте победнички проекти на конкурсот за иновации од 2012-та година кој излегува на пазарот. Апликацијата ќе биде претставена на CeBit во Хановер, а наскоро е најавена и iOS и Android апликација. Другите четири проекти кои ќе бидат објавени наскоро се виртуелна средина за вештачка интелигенција, T-Care; веб платформа за онлајн трговија, MarketConnect; систем за соработка помеѓу платформи CollaboDox; и систем за мобилно споделување на пораки, Cloud Message. Oвие прокти, вели Телеком, треба да придонесат кон развојот на е-општеството и подобрување на македонската економија.



Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.