0 коментари 2 мин. читање 5 март, 2014

Прво видео од Cortana, говорниот асистент на Microsoft

Гласовниот асистент на Microsoft по се изгледа е во фокусот на најголемиот дел од медиумите. Кратко време откако се појавија првите фотографии на Cortana, се појави и првото видео кое oткрива нови детали.

За жал видеото доаѓа без звук па тешко дека ќе се увериме во гласовните способности на Cortana, но двоминутното видео прикажува што ќе треба корисниците на Windows Phone да направат за да го нагодат гласовниот асистент. Покрај неколкуте пермисии кои Cortana ги бара од сопственикот, при првото вклучување треба да го одберете „прекарот“ кој асистенот ќе го употребува. Освен ова потребно е да се одговорат и некои прашања поврзани со своето хоби или секојдневни активности. Па така дел од прашањата се поврзани со храната, главната мотивација за активност или одење на некои настан или омилена активност на корисникот во вечерните часови.Cortana сè уште не е готов производ, па до официјалното претставување без сомневање ќе биде подложна на промени. Сепак се чини дека Windows Phone 8.1 ќе биде навистина огромна надградба на оперативниот систем.

[youtube]wkgJwGzsn3Y[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top