Слики од злоупотреба на деца пронајдени во bitcoin blockchain

Најмалку една слика од злоупотреба на деца е пронајдена во блокчејнот на биткоин. Група германски истражувачи открија дека непознати личности го користат блокчејнот на биткоин за складирање на детска порнографија, јави Guardian.

Трудот е објавен од две групи истражувачи од универзитетите во Ахен и Франкфурт. Фајловите кои водат до „сексуална“ содржина претставуваат 0.5%.

Истражувачите тврдат дека во блокчејнот на биткоин се скриени околу 1600 фајлови и слики, но и линкови кои водат до детска порнографија. Линковите се скриени во фајлови и водат до „dark web“. На страниците може да се пронајде детска порнографија, а и во самиот линк на блокчејн е скриена една слика на малолетник.

Доколку вестите се покажат како точни, би можеле значително да ја разнишаат иднината на биткоин. Секако, ова е дело на поединци, но присуството на нелегална порнографија може да го направи блокчејнот нелегален.

Блокчејнот не е неопходен за трансакции на секој биткоин, но е неопходен за „копање“. Блокчејнот може да се преземе за големината е околу 100 GB. Ако биде прогласен за нелегален, цел пазар вреден милијарди долари би можел да пропадне.

Детската порнографија е најверојатно најгрдото лице на блокчејнот досега. Сепак, предупредувања за опасност постоеле и претходно. Во 2015 година Интерпол предупреди дека дел од блокчејн може да биде и малициозен код, кој потоа нема да може да се отстрани, потсети Guardian.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments