Дали банките се спас за крипто светот?

Каде што има чад, има и оган. Крипто светот почна да чади во моментот кога цените почнаа да паѓаат, а огнот ги зафати скоро сите сфери од Web3 индустријата. Штом се шири паника, активностите на големите институции како централните банки и регулаторните тела почнуваат да се движат. Криптото е тука само неколку години, а банките и регулаторните тела се присутни со векови и знаат како да ја искористат секоја економска прилика многу подобро. Како што рекол Хенри Форд:

„Добро е што луѓето не го разбираат банкарскиот и монетарниот систем. Кога би го сфатиле, би имало револуција пред да изгрее сонцето.“

Тогаш, во неговата чест, ајде да навлеземе подлабоко во тоа како банките сакаат да издаваат свои криптовалути таканаречени CBDCs (Central Bank Digital Currencies).

Дигиталните валути како појава

Верувале или не, криптовалутите и дигиталните валути на банките имаат заедничка историја. Пред Bitcoin-от, имало повеќе иницијативи за дигитални пари кои би ги оптимизирале хартиените. Неколку познати примери се Авант од Финска, и Бахамскиот песочен долар (sand dollar).

Сепак, главната револуција е Bitcoin-от, кој уште во првиот блок се противи на банките. Првиот блок содржи скриена порака која вели „Канцелар на раб на второ спасување на банките.“ Оваа изјава беше и насловната страна на Тајмс весникот на 3-ти јануари 2009-та година. Тоа е истиот ден кога Bitcoin-от официјално започнува да постои онлајн.

Иако намерата на Вitcoin е да го замени тековниот финансиски систем, секоја нова криптовалута ја дели истата филозофија. Bitcoin бил креиран како одговор на глобалната финансиска криза во 2008, а дигиталните валути на централните банки (CBDCs) се сега одговор на Bitcoin-от. Интересно е да се спомне дека американската влада започна да го развива дигиталниот долар откако Facebook најави дека ќе прават дигитална валута која требаше да се вика Libra. Неколку години подоцна, си го погазија својот збор. За среќа или несреќа, дигиталната валута не се оствари.

Други земји како Кина и Индонезија сега се во процес на креирање на систем со централизирана контрола на финансискиот систем. Во минатото, главниот фокус на дигиталните пари било оптимизација на плаќањето. Сега, сè се сведува на контрола.

Сите покажуваат со прстот кон Кина, која најави дека нивните дигитални пари ќе имаат рок на траење. Со тоа, ги наведуваат луѓето да трошат и да не можат да штедат. Иако светот гледа на тоа како лудост, многу индустрии, како на пример автомобилската воведуваат месечни плаќања за користење на физички услуги. Сепак, сите се движиме во насоката на Кина.

Како функционираат дигиталните валути?

Главниот начин на кој функционираат дигиталните пари е едноставен. Можете да го прочитате овој серијал каде што ќе се запознаете со термините како блокчејн и леџер. На кратко, блокчејнот е децентрализирана база од податоци која се чува на многу компјутери кои се независни едни од други. Тоа ја прави непробојна бидејќи не може да се прават измени.

Дистрибуирана датабаза е слична на блокчејнот, со една мала промена – не е децентрализирана. Тоа значи дека еден човек или институција може да ја контролира.

Photo by Ivan Babydov: https://www.pexels.com/photo/gold-bitcoin-coin-on-background-of-growth-chart-7788009/

Погодете која од овие две технологии ќе ја користат централните банки?

Во јавноста банките скоро секогаш го користат терминот блокчејн, за да звучи како да она што го прават е исто како веќепостоечките криптовалути, само дека нивниот систем ќе биде посигурен. Иако има неколку држави кои планираат да ги лансираат нивните дигитални валути на некој блокчејн, сепак е веројатно дека централните банки ќе имаат тотална контрола бидејќи нема да издадат коини, туку ќе издадат токени.

Разликата помеѓу коини и токени

Мноштвото од луѓето кои се делумно активни во крипто светот сметаат дека коините и токените се иста работа. Двата збора се заменливи низ муабет, но всушност има една голема разлика. Ќе го земеме Bitcoin како пример. Коин ќе се даде како награда на компјутерот кој прв ќе ги процесира трансакциите од наредниот блок за блокчејнот. Коините исто се користат за плаќање провизија за трансакциите или како награда за мајнерите.

Од друга страна, крипто токени се променливи дигитални средства кои постојат на блокчејнот. Токените може да се користат за било што. Најпознатиот пример се NFT-ата (Non-Fungible Tokens) кои докажуваат дека вие сте сопственикот на некоја слика или карактер во игра.

Клучната работа е дека креаторот на крипто токени може да си даде тотална контрола врз трансферите на тој токен. Ова е случајот со централизирани стејблкоини кои се контролираат од компаниите кои ги издаваат. Еден од познатите примери е компанијата Tether, која испринта две милијарди долари во 2021. Истото нешто може да го направат и централните банки.

Економијата на финансискиот систем

Централните банки секогаш се приморани да го зголемуваат економскиот развој и да ја држат инфлацијата под контрола. Ова се прави со зголемување и намалување на каматните стапки. Ако има ниски каматни стапки, лесно е да се земе кредит, и сите почнуваат да трошат. Ова го поттикнува економскиот развој. Но со многу кредити доаѓа и инфлација. Што повеќе пари во циркулаицја, толку полошо на крајот.

Кога инфлацијата станува преголема, каматите се зголемуваат, и луѓето почнуваат да штедат. Ова го намалува економскиот развој и ја намалува инфлацијата.

Проблемот тука е дека многу лесно може да се создадат пари, а многу потешко се вадат од циркулација. Кога монетарниот систем бил врзан со златото, долготрајната инфлација била невозможна. Можеле да се создадат пари колку што има злато. Овој лимит се губи во моментот кога Никсон го укинува златниот стандард во 1971, и од тогаш сме во константна загуба. Светот се освести на овој факт релативно скоро.

Банките против Bitcoin

Кога не можеш да ги победиш, придружи им се. Сигурно ова е изразот кој банките го користат кога зборуваат за Bitcoin и крипто револуцијата. Сепак, не можат да дојдат ни блиску до сигурноста која ја дава првата криптовалута.

Лимитот на Bitcoin е 21 милион. Никогаш нема да постои 21.000.001 Биткоин. Тоа го прави отпорен на инфлација, дури повеќе и од златото. Дигиталното ограничување е посурово од физичкото затоа што некогаш може да се најдат повеќе благородни материјали. Дали е тоа од земјата, или од вселената, сепак е возможно.

За крај

Според сите информации кои ги има светот, воведувањето на дигитални валути од централните банки ќе биде една голема катастрофа. Наместо принтање на хартиени банкноти со помош на Федералната Резерва, сега креирањето на пари ќе биде еден клик. Се уште не знаеме дали катастрофата ќе се случи заради тоа што парите ќе имаат рок на траење како во Кина, ќе бидат контролрани, манипулирани, лажирани, или пак нема да достигнат солидно ниво на интероперабилност.

За крај, важно е што се повеќе луѓе дознаваат за наративата на централните банки, и толку повеќе се освестуваат за дистопијата која што може да следи во наредната деценија или две.

Евентуално, ќе има судир на традиционалниот и крипто секторот во финансиска смисла. За општото добро, се надеваме дека барем еднаш ќе победи децентрализираното. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk