Иницијативата Google News ќе се обиде да донесе квалитетни вести за сите

во Вести

Image courtesy of Google

Секој, без разлика од каде доаѓа има право на квалитетни вести. Ова е главната мотивација на Google за почнување на Google News Initiative. Сервисот треба да им овозможи на читателите информации на кои ќе може да им веруваат.

Интернетот е одлично место за пронаоѓање на информации, но за жал уште подобро место за ширење на дезинформации. Можеби затоа и не треба да изненадува што дури 70% од читателите не можат да направат разлика помеѓу вест и лажна вест. Огромен дел од читателите се сомневаат во секоја вест која не е во согласност со нивниот светоглед.

Google News Initiative е обид да му се помогне на новинарството во дигиталното време. Во оваа иницијатива ќе влезе сè што компанијата го прави со и за новинарите, објасни Google.

Целите кои треба да ги исполни иницијативата се едноставни:

  • Да го подигне нивото на новинарството и да го зајакне квалитетното новинарство;
  • Да развие бизнис модел кој ќе овозможи стабилен раст;
  • Да помогне со технолошка иновација;

За да ги оствари овие цели, компаниајта е подготвена во следните години да инвестира 300 милиони долари. Еден од начините со кои Google сака да се бори со лажните вести е преку објективно и квалитетно новинарство. За жал, во време во кое првата споделена вест вреди повеќе од точната, тоа не е едноставно. Еден поглед на изгледот на „Breaking News“ секциите е сосем доволен да се воочи проблемот.

Во овие 15 години во кои Google се обидува да им помогне на новинарите, тоа не се покажало како многу успешно. Компанијата е една од најзаслужните за бумот на лажните вести. Во „trending“ категориите за настаните често се објавуваат контроверзни и погрешни податоци. Платформата за споделување видео YouTube е „расадник“ за теории на заговор.

Еден од новитетите е и Subscribe with Google, функционалност која ќе овозможи едноставна и брза претплата на онлајн изданија директно со Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk