За првпат во историјата Bitcoin надмина 30 000 долари

Вредноста на Bitcoin во моментов е околу 33 500 долари, но денот започна со вредност од над 34 000 долари. Ова е прв пат крипто-валутата да ја надмине оваа граница. Само неколку часа претходното беше пробиена и бариерата од 30 000 долари.

Пред ова растот на Bitcoin во 2020 надмина над 300 отсто. Само пред неколку недели Bitcoin за првпат ја помина и границата од 20 000 долари. Она што може да ги охрабри ентузијастите е дека растот на крипто-валутите во 2020 не го следеше падот на берзите. Дел од експертите сега сметаат дека во иднина Bitcoin би можел да го замени златото.

Како последица на падот на доларот, крипто-валутите добиваат нови инвеститори и поддржувачи. Поддржувачите веќе прогнозираат дека пред крајот на првото тримесечје во 2021 Bitcoin ќе надмине 50 000 долари.

Дел од експертите кои не го делат ентузијазмот предупредуваат дека ваквиот вртоглав пораст не е без опасност, па сите кои се заинтересирани да внимаваат со еуфоријата. Предупредувањата на овие експерти не се без основа. Претходниот максимум на валутата во 2017 заврши со најголемиот пад на Bitcoin досега.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk