SkyBell е паметно ѕвонче кое ќе ви покаже кој ви e пред врата

во Хардвер

Интернетот на нештата овозможува голем дел од обврските кои бараат некоја акција од корисникот да ја завршат преку својот паметен телефон. Без разлика дали станува збор за паметна светилка, електричен приклучок или слично, овие уреди во следниве неколку години значително ќе го поедностават управувањето со домашните апарати.

SkyBell е едноставен видео домофон кој благодарение на сензорите ги известува корисниците кога некој е пред вратата или кога ќе ѕвони на врата. Во овој случај SkyBell го известува корисникот и преку iPhone апликација испраќа стрим од видеото до сите корисници во куќата, а тие можат да одберат да одговорат или да го игнорираат повикот. Камерата која е инсталирана во уредот овозможува и ноќно гледање, па корисниците ќе можат да видат кој е на врата без разлика кој период од денот е. SkyBell е проект реализиран преку Indiegogo краудфадинг сервисот, ѕвончето чини 200 долари.

[youtube]GLneMHKd_Qg[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments