1 коментар 2 мин. читање 31 август, 2012

„Силеџија“ е македонски анимиран филм за сајбернасилството меѓу младите

Фондацијата Метаморфозис го објави краткиот анимиран филм „Силеџија“ кој претставува 4-минутна поучна приказна за сајбернасилството што се случува помеѓу младите, ефектите од него врз жртвата и можните последици за насилникот.

Љубовниот триаголник помеѓу Васко, Ана и Горан се развива во сликовита приказна која ги прикажува формите на сајбернасилство кои може да произлезат од детската љубомора, како и последиците од него. Повеќе информации за безбедноста на Интернет за најмладите кориници, родителите и наставниците ќе најдете на Безбедно на Интернет.

„Сајберансилството не е единствениот проблем кој може да има лоши последици за младите кои користат технологии. Но, претставува современа форма на насилство, која може да делува безопасно за насилниците, а да има сериозни последици за оние кои се негови жртви. Затоа, секој млад човек треба да биде свесен за последиците кои може да ги сноси како насилник, како и за ужасните ефекти кои неговите постапки можат да ги предизвикаат на жртвата.“, вели Метаморфозис.

Филмот е изработен како дел од проект за подигнување на свеста за приватноста на интернет, додека јазичните верзии се развиени како дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија. Достапен е на 6 јазика: македонски, албанскитурски,ромскифранцуски и англиски јазик.

[youtube]kqrRL6Ur0Bk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Киро Чонески
Киро Чонески
13 years ago

За шо земаат пари луѓево бе… ццц

Мени
Заедница
Изглед
To top