0 коментари 2 мин. читање 31 август, 2012

Ќе стартува нов портал Телеграф.мк откако српската Internet Group стана партнер на МПМ

Телеграф МКД ќе биде портал составен од независна редакција од 50 новинари која ќе биде активна 24 часа секој ден во неделата, најави Дневник. Овој македонски дневен весник е во сопственост на Медиа Принт Македонија која станува стратешки партнер со Internet Group од Србија.

Internet Group е компанија која се занимава со интернет трговија, развој на веб апликации, и е основач на Telegraf.rs, портал кој има над 5 милиони читатели месечно, од кои 150.000 од Македонија. По неков терк ќе се стартува и новиот портал во Македонија.

Партнерството меѓу МПМ и Internet Group стартува откако Орка холдинг продаде 50 отсто од својот удел во Графички центар Скопје нa српската компанија. ГЦС e 100% сопственик на Медиа Принт кои ги издаваат дневните весници Вест, Утрински весник, Дневник и неделникот Теа Модерна.

Тоа што ќе биде интересно е да се види како новиот портал ќе се натпреварува (или соработува) со трите дневни весници на МПМ. Денес веб порталите и агрегатори привлекуваат многу читатели кои инаку би купиле печатен весник, што ги прави директни конкуренти со традиционалните медиуми. Уште поинтересно е што неодамна весниците на МПМ решија да ја сокријат својата веб содржина зад платежен ѕид со цел да ги зголемат продажбите на своите печатени изданија кои сè уште привлекуваат најмногу реклами. Но, огласувачите одат таму каде што се читателите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top