Новиот Kindle Fire ќе дојде следната недела во два модела 7 и 10 инчен, а како што јавува Verge сè уште е непознато дали следната недела ќе излезат двата модела или сепак за еден од овие модели ќе мора да почекаме.
Како најава на новиот Kindle Fire, Amazon излезе со соопштение дека сегашната верзија на Fire е целосно распродадени, а овој таблет е втор по пуларност во САД зад iPad. Иако не ја открија бројката на продадени уреди, сепак обелоденија дека станува збор за 22 проценти од сите таблети продадени во САД.
И новиот Kindle Fire 2 ќе биде со едноставен дизајн, но со оглед дека функционираше за претходникот нема причина во Amazon да менуваат нешто. Според најавите апликациите повторно ќе доаѓаат единствено од Amazon, што на подолг рок може да биде проблем, иако засега Amazon нуди прилично голем број на услуги.
Конкуренцијата станува се побројна и на пазарот на 7 инчни таблети, а покрај Nexus 7 и Kindle, можно е тука наскоро да ги видиме и Apple. Apple се чини со својте изјави „7 инчен таблет беше сонот на Џобс“ дека ги подготвуваат корисниците за својот iPad mini.







