Што крие временската капсула која Стив Џобс ја закопа во 1983-та?

во Свет

По триесет години пронајдена е временската капсула која Стив Џобс ја закопа во 1983 година. Капсулата ја пронајде телевизиската екипа на серијата Diggers која се емитува на National Geographic каналот. Во предметите кои беа во капсулата е пронајдено компјутерското глувче од Apple Lisa серијата компјутери кое е донирано лично од Стив Џобс. Заедно со глувчето се пронајдени и останатите предмети од капсулата Sears Roebuck каталог, рубикова коцка, албум на The Moody Blues и пакет лименки пиво за пронаоѓачот на лименката.

„KG и Ringy се во Асепен, Коларадо во потрага по временски цилиндар кој го содржи глувчето од првиот компјутер на Стив Џобс кој е масовно рекламиран – Apple Lisa. Закопан за време на сега непостоечката International Design Conference во Аспен, требаше да биде откопана во 2000-та година, но поради промените во околината, точната локација беше непозната досега. Тимот успеа да ја пронајде околината во која е локацијата на капсулата а содржината е речиси предобра за да е вистинита – златен рудник од осумдесетитте и ретко парче од историјата на Apple“, е описот на епизодата на National Geographic каналот.

Откривањето на капсулата ќе биде прикажано во првата епизода од сезоната на Diggers чија премиера е закажана за 25 февруари на National Geographic.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments