Хардвер новости од минатата недела: хибриден уред од Apple, Honor Watch GS 3, LG CineBeam 4K…

Сосем разбирливо фокусот на вестите минатата недела не беше ИТ-индустријата и хардверот. Една причина е секако руската инвазија на Украина, но тука е и одржувањето на Mobile World Congress кој започна оваа недела на 28 февруари и трае до 3 март.

Apple работи на флексибилен Macbook/iPad хибрид

Apple наскоро би можел да претстави 20 инчен хибриден компјутер со флексибилен екран. Овој дизајн веќе сме го виделе, но кај Windows компјутерите. Кога е преклопен уредот работи како лаптоп. Во овој мод горната (условно) половина работи како екран, а долната половина останува како тастатура. Кога е отворен, уредот работи како таблет, и тоа во случајот на Apple, навистина голем таблет.

Засега уредот нема дата за излегување, ниту споделен хардвер, но досега е во развој повеќе години, вели Марк Гурман од Bloomberg кој е добро информиран за состојбите во Apple. Покрај долгогодишниот развој уредот може најрано да го очекуваме во 2026 година.

„Ме информираа дека Apple навистина работи на дуал-дисплеј, флексибилен MacBook/iPad хибрид. Уредот ќе ја замени физичката тастатура и тракпадот со основа која е целосен екран на допир“.

Хибридот на Apple би можел да наликува на Lenovo X1 Fold, таблет/лаптоп кој е достапен од 2020 година. Изгледот може да го погледнете во видеото подолу.

DisplayPort 2.0 каблите ќе имаат ознаки според опсегот

Организацијата која ги составува спецификациите за DisplayPort – VESA, јави дека работата на програмата за сертификација на DisplayPort 2.0 каблите е завршена. Ова ќе треба на сите да им го олесни купувањето и изборот на кабли.

DisplayPort 2.0 нуди максимален проток од 80Gbps, но сепак тоа не значи дека со секој кабел ќе може да се достигне оваа брзина. Сертификацијата ќе треба да овозможи купување на точниот кабел кој е потребен. На пример овие кабли им се потребни на корисници кои имаат 16К-телевизор или за 8К HDR на 120Hz.

За да се избегнат дел од забуните кои доаѓаат со HDMI 2.1-каблите за DisplayPort 2.0 именувањето би било „DP80 UHBR“ или „DP40 UHBR“. Првата ознака е за кабел со 20Gbps по линк и 80Gbps вкупно преку четири „линии“. Вториот (DP40 UHBR) е 10Gbps по линк или вкупно 40Gbps.  Овие ознаки кои покажуваат дека кабелот е подготвен за сите функционалности на DisplayPort 2.0 ќе бидат јасно видливи директно на кабелот.

Без разлика какви се перформансите на вашата графичка картичка и монитор, квалитетот на сликата што се добива може да биде ограничен со кабелот што се користи за поврзување на тие уреди. Благодарение на подобрувањата на DisplayPort-конекторот и во дизајнот на кабелот, новите VESA сертифицираните кабли DP40 и DP80 UHBR им овозможуваат на потрошувачите да ги добијат највисоките можни перформанси на нивните уреди. Овие нови кабли се поддржани од Програмата за сертификација UHBR на VESA, која обезбедува дополнителна гаранција дека ако вашиот кабел го има логото DP40 или DP80 од VESA, ги исполнува највисоките стандарди.

LG ги претстави CineBeam 4K проекторите

Јужнокорејскиот производител LG претстави две нови надградби на своите проектори. Надградбите на HU715Q Ultra Short и HU710P гарантираат дека сликата е полесно видлива во простории со поголема осветленост.

Уредот е наменет да се користи на растојание помеѓу 3 и 10 метри од ѕидот на кој ќе биде проектирањето. Големината на сликата е од 101,6 сантиметри до 762 сантиметри за HU710P. Другиот HU715Q-уред има можност за големина на проекција од 203 до 304 сантиметри.

CineBeam 4K уредите имаат 3 HDMI порти, 2 USB-2 порти, имаат поддршка за AirPlay 2, HomeKit и споделување на екранот. Двата проектори не се евтини и доаѓаат за 2500 долари за HU710P и 3000 долари за HU715Q.

Honor Watch GS 3 доаѓа во Европа

За телефоните, а можеби и за некои од часовниците од MWC 2020 ќе имаме посебен текст, сепак Honor Watch GS 3 може да го разгледаме малку порано. Станува збор за паметен часовник кој доаѓа со кружен 1,43-инчен AMOLED екран. Часовникот не е сосем нов, и во Кина е достапен од јануари, но сега ја има својата „светска премиера“.

Како остатокот на часовници, и Honor Watch GS3 се користи и како фитнес додаток. За оваа прилика има 100 различни спортски модови за работа. Часовникот има и сензор за мерење на работата на срцето, GPS-сензор, SpO2-сензор. Honor ветува дека со dual-frequency L1/L5 GNSS, GPS следењето е подобрено 167%. Часовникот има 415 mAh батерија што е доволно за работа од 14 дена. Часовникот доаѓа со Lite OS оперативен систем за паметни часовници од Huawei.

Основниот модел на Honor Watch GS 3 чини 230 долари и веќе е достапен во продажба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments