Конзолите ќе ја збогатат гејминг индустријата за нови 30 милијарди долари до 2018 година

0 коментари 1 мин. читање

Индустријата за видео игри ќе порасне од 68 милијарди долари во 2013 година на 96 милијарди долари во 2018-та, предвидува DFC Intelligence. Порастот е пооптимистичка бројка од претходно предвидената, пред се поради одличната продажба на PlayStation 4 и Xbox One, но и дел од игрите како излегоа во 2013 и докажаа дека гејмерите не се откажале од игрите. Ова пред се важи за Grand Theft Auto V која ги собори сите рекорди во продажбата со своето излегување.

„Постоеше загриженост дека јадрото на игралите губи интерест во пазарот. Огромниот успех на Grand Theft Auto V и успехот на PlayStation 4 и Xbox One јасно покажува дека не е така.“

Предвидувањата се дека и во 2014 година не очекува порастот на PC и мобилното играње, а само PC маркетот во 2014-та очекува приходи од 26 милијарди долари. Најголемиот дел од ланската продажба на игри и конзоли во Европа и Северна Америка беше намалена како последица на економската криза, но и исчекувањето на новите најавени конзоли. Последниот квартал на 2013-та го одбележа продажбата на PlayStation 4, која во првите две недели постави нов рекорд во продажбата на конзоли на лансирање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед