0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2014

Aрмијата на САД ќе ги користи паметните пушки на TrackingPoint

Армијата на САД е во фаза на тестирање на паметни пушки кои ќе ја зголемат прецизноста во пукањето на војниците. Војската ги тестира TrackingPoint паметните пушки кој овозможуваат безбедно пукање. TrackingPoint има двојна заштита, најпрво стрелецот ја одбележува метата во која ќе пука, а дури потоа ќе го испука куршумот. Доколку одбележаната цел и нишанот се далеку тогаш куршумот нема да биде испукан. Главен дел од оружјето е паметниот нишан во кој е сместен компјутер со Linux OS и ја пресметува балитичката крива водејќи сметка за дури 16 променливи, помеѓу кои вртењето на куршумот, брзината на ветерот и температурата.

TrackingPoint не е единствена компанија која произведува паметно оружје па Армијата на САД во обидот да ја пронајде вистинската технологија на иднината соработува и со Lockheed Martin кои работат на паметни куршуми со минијатурни перки кои овозможуваат примена на патеката на движење на куршумот дури и кога е испукан. One Shot XG е проект на Darpa кој е сличен на Tracking Point.

[youtube]xme3OS01yqk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top