Секој четврти македонец има паметен телефон, секој петти сурфа на интернет, но сите зборуваат само со својата мрежа

во ИТ.МК

Во Македонија просечно семејство има по четири мобилни телефони, од кои еден е паметен телефон, пишува Дневник повикувајќи се на извештај од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во Европа секој втор корисник има паметен телефон.

Македонскиот пазар е доволно напреднат да понуди паметни уреди по прифатливи цени кои нудат корисни апликации и пристап до интернет. Во моментов околу 20 отсто од сите мобилни корисници во Македонија, или 450.000 претплатници, користат мобилен интернет. Ова е раст од 16 отсто споредено со лани, иако треба да имате во предвид дека „активен претплатник“ е тој што користел паметен телефон да сурфа, прати SMS или направил повик барем еднаш во последните 90 дена!

„За растот во овој сегмент на мобилната телефонија најмногу придонесе засилената понуда од мобилните оператори на најнови паметни телефони по цени достапни за македонските потрошувачи. Ова е во контекст на целокупниот раст на дигиталниот пазар во Македонија“, вели АЕК.

Но, „засилените понуди на македонските оператори“ не важат за високите стандарди за разговор. Тоа што недостасува на македонскиот мобилен пазар е слободата да се комуницира меѓу мрежите. Извештајот на АЕК покажува дека најголем дел од 47-те милиони минути кои се зборувани во деветте месеци на истражувањето се направени на сопствената мрежа. Дури 85 отсто од минутите се потрошени на повици кон сопствена мрежа, а само 12 отсто се потрошени за повици кон други мобилни мрежи. Останатите 3 отсто се повици кон фиксни и странски мрежи.

Скапите разговори меѓу мрежите се можеби практичната причина зошто мобилната пенетрација е голема во Македонија. Во моментов има околу 2,3 милиони мобилни претплатници (1,4 мил. припејд и 581.278 постпејд претплатници). Дури 112 отсто од жителите се мобилни корисници, што е многу блиску до европскиот просек од 127 отсто.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments