Во текот на минатиот месец го најавивме овогодинешниот Google Summer of Code кој е настан организиран од страна на големиот Google, на чиј настан минатата година учествуваат околу десетина Македонци.
Со цел студентите подобро да се запознаат со програмата на GsoC и што таа всушност нуди, во четврток (28.03.2013) со почеток од 12 часот на Амфитеатарот на ФИНКИ, луѓето од Слободен софтвер Македонија и Хаклабот „КИКА“ ќе имаат презентација и ќе го споделат своето искуство.
За успешната приказна на македонските студенти кои учествуваа на GSоC можете да прочитате и на официјалниот блог на Google . Доколку сте студент кој сака и ужива во програмирањето, присуството на овој настан е задолжително.
Повеќе детали за настанот можете да најдете на Facebook настанот за презентацијата.
Striming ke ima li?
Тешко… најверојатно не.