Мобилната апликација за бесплатни повици сега е достапна и за десктоп компјтерите. Viber ги претстави своите верзии за Windows и Mac, и најави дека наскоро ќе има верзија и за Linux. Заедно со објавување на оваа верзија, Viber сподели и информација дека се користи од 200 милиони корисници. Viber е мулти-платформска апликација која нуди бесплатни разговори и праќање пораки, налик на Skype, иако разликата е што оваа апликација првин беше ексклузивна за мобилните телефони.
Viber вели дека со декстоп апликацијата ќе може да правите квалитетни гласовни и видео повици со контактите кои ќе бидат синхронизирани меѓу вашиот телефон и Windows/Mac. Но за да ја користите десктоп верзијата ќе мора да ја имате и мобилната верзија на апликацијата за iOS, Android, Windows Phone и BlackBerry. Благодарение на синхронизацијата ќе може да префрлате разговори од декстоп на мобилен и обратно. Но, за такво префрлање треба и вие и пријателот со кој разговарате да ја имате Viber 3.0 верзијата.
[youtube]NEqS5W-KfRw[/youtube]







