Solaborate e нова друштвена мрежа од Лос Анџелес која е наменета за ИТ професионалците. Мрежата која собра 1 милион долари инвестиција за својот глобален старт пред една недела, е интересна не само по својот пристап да се издвои од другите мрежи, туку и по тоа што е изработена во Скопје од тим од 18 дизајнери и програмери кои соработуваат со своите колеги од Приштина и САД.
Оваа нова друштвена мрежа ги таргетира ИТ професионалците кои можат преку неа да споделуваат документи и презентации, да поставуваат прашања за технички проблеми, да четуваат и да стартуваат видео конференции, да споделуваат знаење со други влијателни ИТ колеги, како и да претставуваaт демо на производи и услуги.
Елена Трајковска која е задолжена за маркетингот и проценка на квалитетот во Solaborate вели дека не постои ваква друштвена мрежа која е посветена на ИТ професионалците, посебно не таква која е фокусирана на друштвениот аспект, но и на аспектот на соработка меѓу професионалците. Подолу е интервју со неа во кое ја објаснува мрежата и предизвиците со кои се соочени.
[youtube]YkybNmfmpYY[/youtube]
Зошто е Solaborate развивана во Македонија? Како започна приказната да се формира цел тим од 18 дизајнери и програмери?
Македонија е земја во која постои висок потенцијал на IT таленти. Високиот процент на IT кандидати во овој регион е првиот фактор кој придонесе да се создаде комплетен тим за развој. Покрај големиот талент, Македонија е земја во која трошоците за равој се значително помали од оние во САД што е навистина значајно за стартап компанија како нашата. Запознаен со нашиот пазар и она што ние го нудиме, Лабинот Битучи, сопственикот и главниот виновник за Solaborate, ја започна приказната во јануари 2012 година. Во соработка со Македонската IT компанија Семос, денес и наш партнер, започна развојот на нашата професионална социјална мрежна платформа. Г. Битучи е успешен бизнисмен со големо искуство во IT индустријата. Пред приказната за Solaborate, тој беше вработен како менаџер за продажба во SAP, каде управуваше со 28 најголеми сметки во западниот дел на САД вклучувајќи ги Apple, Microsoft, Intel, Nike, Cisco, Google, Facebook, LinkedIn, HP, Disney, Boeing, Warner Brothers, Nestle, T-Mobile, McAfee, McKesson, AMD, eBay итн.
Сигурно мислите дека другите друштвени мрежи се пренатрупани со разно-разни содржини, и затоа креирате мрежа за ИТ професионалци. Но, што ве двои вас од другите мрежи кои се или за специјализирана публика или може да се креираат групи пример со ИТ луѓе само?
Не постои друштвена мрежа моментално на пазарот која е целосно сконцентрирана и таргетирана кон професионалците, компаниите, производите и услугите од сферата на технологиите. Постојат многу мрежи кои таргетираат niche пазари меѓутоа не со таргет како нашиот. Solaborate е фокусирана не само на социјалниот аспект, туку и на аспектот за соработка, колаборација помеѓу нејзините корисници. Професионалците од сферата на технологиите, нивните компании и производи и услуги имаат можност да се презентираат себеси на начин кој директно ќе им овозможи да допрат до онаа публика која ја посакуваат.
Solaborate е развиена (хостирана) на Microsoft Windows Azure cloud computing, користејќи HTML5, WebSockets и WebRTC протокол за комуникација во реално време (real-time) кој е релативно нов на пазарот и сме единствени во тоа поле. Од својот темел, оваа мрежа е развивана на начин кој овозможува конекција и комуникација со другите актуелни друштвени мрежи како Facebook, LinkedIn, Google+ и Twitter.
Што конкретно работи тимот во Македонија? Кои се вашите задачи?
Ја градиме мрежата почнувајќи од својот темел, па се до нејзините усовршувања. Тимот составен од 18 дизајнери, програмери, тестери, аналитичари за осигурување на квалитетот секојдневно работат на тоа Solaborate да го добие посакуваниот лик и дух. Секојдневно се трудиме да се подобриме во секој аспект како функционално така и во полето на дизајнот.
Како е да се работи на ваков голем проект наменет за глобалниот пазар? Сигурно имате притисок со рокови, со исполнување на цели за да добиете инвестиција…
Возбудливо и застрашувачки во исто време. Нашата работа не е традиционална. Вклучува многу креативност и ни овозможува да дадеме свој придонес во секој поглед. Едноставно почнуваме да размислуваме како Solaborate. Застрашувачки е што не знаеме што не очекува во иднина, а тоа е и природата на овој бизнис.
Вие сте тимот за развој на продуктот. Има друг тим во Косово кој ја тестира мрежата. Можеби и други тимови во други земји? Како оди соработката преку границите, дали наидувате на тешкотии поради јазикот, времето?
Седиштето на Solaborate се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорниjа. Тимот во Скопје е задолжен за целосната архитектура на мрежата додека тимот во Косово се грижи за тестирање на истата. Тимот во Лос Анџелес се грижи за нашите маркетинг аспекти, промоцијата, медиумите од каде оперира една од најврвните маркетинг и PR агенции. Граничните бариери се предизвик за нас. Јазикот на кој комуницираме е англискиот и навистина е задоволство да се работи со нашиот тим. Тимскиот дух е присутен и покрај јазичните и временските разлики. Во однос на времето и часовните зони, навистина понекогаш претставува потешкотија но и предизвик. Кога ние завршуваме со работа, Лос Анџелес ја започнува својата.
Solaborate стартуваше пред околу една недела. Кои се следните предизвици?
Имаме многубројни предизвици. Почнувајќи од подобрување на моменталните функционалности, додавање на нови, проширување на базата на корисници, па се до моментот на финансиска стабилност како компанија. За повеќе информации посетете не на www.solaborate.com. :)
[…] Solaborate започна како друштвена мрежа за професионалци. Компанијата започна како американски проект од […]
[…] за која зборувавме на минатиот Social Media Day, читавме на it.com.mk и Forbes, а дел од вас веројатно веќе и активно ја […]
Dobro e
Da ne kacuvale verzija :)
Isprativme request za beta key no izgleda ima tehnicki problemi:
Requesting beta invites is currently experiencing difficulties. Please try again later.
Честитки, ме радува што уште едно македонско дело е изработено на Windows Azure платформата!
Не избрале баш најдобра платформа за социјална мрежа а и општо за каков и да е девелопмент.
Здраво Стефан,
Yammer и Salesforce Chatter се социјални мрежи за приватна комуникација внатре во рамките на организацијата. Solaborate е платформа која е понудена за глобалната јавност од сферата на технологгите која нуди голем број на алатки потребни за соработка помеѓу корисници, компании, нивните производи и услуги. Посети не на http://www.solaborate.com и испрати барање за бета клуч. Би ни било драго да ни се приклучиш.
Поздрав
Како е ова поразлично од Yammer или Salesforce Chatter?
[…] post Стартува Solaborate, друштвена мрежа за ИТ професионалци из… appeared first on IT.com.mk. Прочитај ја целата статија 3 Like […]