Seagate го претстави новиот хард-диск од 6 терабајкти кој за разлика од конкуренцијата е без хелиум. Дискот е дури 28 отсто побрз од претходникот од 4 ТВ, што го прави новиот диск најбрз кој го изработила компанијата, јави ComputerWorld. Освен најголемата 6 TB верзија, дискот доаѓа и во 2 ТВ, 4 ТВ и 5 ТВ верзии, со брзина од 12 Gbps на SAS, односно 6 Gbps на SATA порт. Во дискот е имплементирана и Super Parity технологија која го забрзува поправањето на репарирањето на податоците. Засега цената на дискот е непозната, но цената на гигабајтите ќе биде иста со претходниот модел.
„Не беше потребно да користиме хелиум за овој капацитет, а сепак е 25% побрз од нивниот диск… Не грижете се кога ќе има потреба од хелиум ќе го користиме“, изјави Барбара Крег oд Seagate.
Најголемиот конкурент на Seagate, Western Digital е првиот која издаде хард-диск со овој капацитет, но за разлика од Seagate, нивниот диск е херметички затворен и исполнет со хелиум, што го прави дискот на Seagate за дури 25 отсто побрз.







