Вил Витон побара краудфандинг помош за нова сезона на TableTop

во Веб, Свет

Вил Витон кој на многумина им е познат како Весли Крашер од Star Trek или по неговата улога како непријателот на Шелдон Купер во The Big Bang Theory, на својот YouТube канал кој е дел од Geek and Sundry презентира најразлични игри на табла. Оваа серија веќе има две сезони, а за третата г. Витон се обрати до Интернет да му помогнат за собирањето на средства за следната сезона.

Indiegogo кампањата на Вил Витон започна на светскиот ден за игри на табла и од фановите побара помош од 500.000 долари за следната сезона. Доколку стигнат до оваа сума ќе ја издадат нови 15 епизоди од серијата, за 750.000 долари серијата ќе има 20 епизоди, а доколку успеат да соберат 1.000.000, Вил Витон и другарите ќе направат уште една серија посветена на RPG игрите, како на пример Dungeons & Dragons.

Фановите на серијата се запознаени дека во Tabletop, Вил Витон и најчесто Фелиша Деј заедно со куп познати личности презентираат игри, но уште поважно духот во кој се играат овие игри. Средствата ќе бидат распеделени за продукција и опрема, засега реализацијата изгледа дека е речиси готова со оглед на доа дека со 33 дена до крај на кампањата со собрани 390.000 долари. Наградите за донаторите се од маички до сите игри кои ќе се презентираат во шоуто, па дури и посета на шоуто и играње со Вил Витон и Фелиша Деј на годинешниот Comic-con.

[youtube]AFzqvnuiusI[/youtube]

[youtube]D7DvEIfrP84[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk