MoDaCo ја објави првата неофицијална бета верзија на Facebook Home која може да се инсталира на куп различни Android уреди, вклучувајќи и таблет компјутер, а не само на петте кои ги најави Facebook. Oваа верзија доаѓа како три различни APK фајлови кои треба да ги симнете. Инсталацијата не бара рутиран телефон, и се што треба да направите е да потврдите дека сакате да инсталирате апликација од „нeофицијален извор“.
Facebook Home е нова апликација која го заменува вашиот оригинален Android интерфејс со интерфејс на Facebook. Со Home почетниот екран и уште неколку функционалности се комплетно редизајнирани за полесно следење на активностите и комуникацијата на мрежата. Но, неофицијалната бета си има свои ограничувања. Пример, не работи Chat Heads функционалноста со која ви се покажуваат најновите пораки од пријателите независно која апликација користите, а максималната резолуција е од 1280×768. Исто така, имајте на ум дека се работи за неофицијална верзија (официјалната излегува на 12-ти април), па можно е да има проблеми со стабилноста.
Toa што е важно кај оваа неофицијална верзија е што демонстрира дека може да функционира на куп различни уреди, не само на неколку Samsung и HTC телефони. Јасно е дека Facebook има партнерство со овие две компании за да го задржат ексклузивното „прво“ врз Home. Целта е нели да се продадат повеќе телефони. Но, апликациите можат да функционираат и на други телефони, дури и таблет компјутери. Прашањето е кога Facebook ќе ја објави самостојната Home апликација да може да се симне?








