Откако не ги вработиле, по 5 години ги купиле за 19 милијарди долари – приказната на Facebook и WhatsApp

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Во летото 2009-та година двајца 30+ годишни девелопери по помината една година на патување во Јужна Америка, инспирирани од можноста да работат со луѓе со сличен начин на размислување и на нови возбудливи проекти од областа на веб 2.0 ги поднесоа своите CV-а и аплицираа за работа во тогаш убер-популарната компанија Facebook. Но, иако искусни и добри девелопери со осет за бизнис, Брајан Актон и Јан Кум добија негативен одговор од Facebook. Со оваа одлука, Facebook прави грешка по неколку години ја чинеше милијарди долари, бидејќи Брајан Актон и Јан Кум се основачите на WhatsApp – апликација која Facebook, 5 години подоцна, ја купи за 19 милијарди US долари.

Брајан Актон и Јан Кум тогаш не знаеја, но Facebook всушност им направи услуга. Следната година воодушевени од можностите на iOS екосистемот и App Store, започнаа да работат на развој на сопствена апликација. На 24-ти февруари 2009 година официјално ја објавија WhatsApp – за да во 2014 Facebook ја откупи за 19 милијарди долари – 4 милијарди во кеш, а 12 милијарди во акции, со дополнителни 3 милијарди во условени акции.

WhatsApp е бесплатна cross-platform апликација за комуникација. Корисниците може да праќаат текст и аудио пораки, но има можност и за видео разговори, споделување на слики, локации и најразлична содржина. Започна како апликација за мобилни телефони, но од 2015 има и веб клиент, а од 2016 и Windows и Маc апликации. Од 2018 WhatsApp има Business верзија која сопствениците на компании им овозможува да испраќаат текст пораки до своите корисници.

Чуден пар

Основачите на WhatsApp не се класични основачи од поновата генерација. Апликацијата ја креирале во своите доцни триесетти – рани четириесетти години, кога основачот на Facebook на пример бил во дваесеттите години. Сепак заедно успеаа да ја направат WhatsApp една од најпопуларната апликација за текст пораки во светот. Иако неразделни Брајан и Јан, се многу различни. Јан доаѓа од Киев, Украина. Прислушувањето од времето на Советскиот Сојуз е дел од инспирацијата позади развојот на WhatsApp кој треба да биде безбедно решение за разговор. Пред да се пресели во САД и да се отпише од San Jose State University, го заврши основно образование во близина на Киев. Актон од друга страна завршил компјутерски науки на Stanford, а слободното време го поминувал играјќи голф на Флорида.

По преселбата во САД, Кум започнал да учи компјутерски науки и математика, но (со негови зборови) „Бев подеднакво лош во двете.“. Актон пак знае и користи осум програмски јазици: C++, Perl, PHP, Erlang, Java, Python, JavaScript и ActionScript.

Брајан Актон и Јан Кум се запознале 1998-та година во Yahoo, во компанијата каде што заедно работеле 9 години. Во овој период двајцата станале неразделни и девет години подоцна заедно ја напуштија компанијата. Наместо веднаш да побараат нова работа одлучија да пропатуваат по Јужна Америка и да играат ултимативно фризби.

Кога завршија со оваа пауза, инспирирани од талентот на вработените во Facebook посакаа да и се приклучат на компанијата. Сепак во овој период во друштвената мрежа немаше место за нив.

Во оваа година (2009) Apple го претстави и започна да го развива AppStore екосистемот. Инспирирани од она што го видоа на почетоците веднаш се приклучија на iOS индустријата. Името на апликацијата е дело на Јан Кум кој речиси инстантно се решил за името WhatsApp, бидејќи му звучело на „Whats Up“.

Токму состојбата во Советскиот Сојуз и следењето на граѓаните е инспирација за развојот на WhatsApp:

„Пораснав во општество каде што сè што се правеше беше прислушувано, снимено, кодошено. Никој не смее да има право да прислушува, или ќе станеме тоталитарна држава – од таква држава избегав како мал за да дојдам во оваа земја каде што има демократија и слобода на говор. Нашата цел е да ја заштитиме“.

Најголем раст на популарноста WhatsApp ја забележа неколку години подоцна откако во 2009-та iOS ги додаде push нотификациите. На 19 февруари 2014-та, Facebook објави дека го купува WhatsApp за 19 милијарди долари. Само една година претходно WhatsApp беше проценет на 1,5 милијарди долари. На почетокот на 2016-та две години од аквизицијата, WhatsApp стигна до 1 милијарда корисници.

Неколку интересни бројки за WhatsApp

Вo 2021 година WhatsApp има 2 милијарди корисници. Со ова апликацијата има повеќе активни корисници од Facebook кој има 1,3 милијарди активни корисници и WeChat 1,2 милијарди.

Над 500 милиони корисници ја користат апликацијата секој ден.

Компанијата во 2020 објави дека нејзините корисници секој ден поминуваат 2 милијарди минути во аудио повици. Во првите денови на ковид пандемијата корисниците секој ден поминуваа 15 милијарди минута во аудио разговори.

Секој ден корисниците на платформата разменуваат 100 милијарди пораки.

Најголем дел од корисниците 77% доаѓаат на Android, на второ место е iOS со 22% од корисниците.

Апликацијата е достапна во 180 држави и само во 25 од овие држави не е најкористена апликација за пораки.

Денес двајцата основачи не се веќе во компанијата. Актон ја напушти во 2017-ма и ја основа Signal Foundation. Signal Foundation или Signal Foundation Technologies е непрофитна организација која се залага за опен сорс технологија за поголема приватност која ќе обезбеди побезбедна онлајн комуникација. Главен производ на платформата е апликацијата која денес важи за најбезбеден начин за комуникација Signal. Актон го напушти Facebook поради етички судир на интереси, ако останеше во компанијата уште неколку месеци ќе добиеше бонус (акции) од 850 милиони долари. Како причина за напуштање се наведуваат несогласувањата околу монетаризацијата на WhatsApp. По напуштањето на Facebook тој е еден од најгласните критикувачи на друштвената мрежа.

Кум ја напушти компанијата во април 2018-та по несогласувањата со менаџментот Facebook, откако ги исполни условите за дополнителна исплата.

Разделбата на основачите на WhatsApp со Facebook за жал не беше „пријателска“. Основачите на апликацијата која се обидуваше да постигне максимална безбедност на крај мораше да признаат дека договорот со друштвената мрежа не беше добар за корисниците. Facebook доби податоци од милијарди корисници и иако на почеток веруваа дека нема да има споделување на податоци, дознавме дека сепак WhatsApp ќе ги доставува информациите до Facebook за порелевантно рекламирање.

Во 2019 по откривањето на Cambridge Analytica скандалот Актон го поддржа #DeleteFacebook движењето советувајќи ги сите да ја напуштат друштвената мрежа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk