0 коментари 1 мин. читање

Новиот Google Play ќе биде претставен на I/O конференцијата

Во текот на минатиот месец се појави гласина дека од Google спремаат нов дизајн на Google Play маркетот. Додека во текот на вчерашниот ден Е. Ривера, вработен во YouTube, на својот Google+ профил објави фотографија од Google Play 4.0. Фотографиите беа брзо отстранети, но сепак некои корисници успеја да ги зачуват.

Новиот изглед е доста променет и може да кажеме попрегледен од претходниот. На горниот дел од екранот се прикажани главните категории, додека во продолжение надолу се предлог апликациите. Во моментот, изгледа дека новиот маркет е во фаза на тестирање помеѓу вработените, додека официјално би требало да биде претставен пред или за време на Google I/O конференцијата која треба да се одржи од 15 до 17-ти мај.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top