Samsung и Micron го основаа конзорциумот Hybrid Memory Cube, со цел да развиваат и промовираат нова ултра-збиена мемориска технологија која треба да биде побрза, поефикасна и поефтина од веќе постоечката DRAM. Во овој конзорциум влегуваат и компаниите Altera, Open Silicon и Xilings.
Hybrid Memory Cube ќе има за цел да ја надмине моменталната мемориска технологија како што е DDR3 DRAM. Hybrid Memory Cube ќе понуди мемориски бендвид кој ќе го забрза работењето на мрежата, и ќе гi покачи CPU можностите кај компјутерите со високи перформанси. Според Samsung и Micron, една хибридна мемориска коцка (Hybrid Memory Cube), може да обезбеди 15 пати подобар перформанс отколку DDR3 модул. Исто така една „коцка“ користи 70 отсто помалу енергија по бит отколку DDR3 меморија. Една хибридна мемориска коцка би можела да замени 10 DDR3 DIMM-а во сервер.
Персоналните компјутери не се главниот пазар за новата мемориска технологија, која според Скот Грахам од Micron, на пазарот ќе се појави наредната година, а масовно производство би започнало во 2015 година. Главен пазар би биле компјутерите со високи перформанси и серверите, но како ќе расте прифаќањето на оваа технологија, хибридните мемориски коцки ќе можат да бидат употребени во персонални компјутери, таблет компјутери и паметни телефони.







