Хардвер од минатата недела Samsung Fold и Flip, Apple Watch, Pixel и Starlink Mini

Минатата недела ни донесе малку хардвер и многу шпекулации. Samsing ги претстави новите Flip и Fold телефони, Google би можел да ги престави Pixel уредите во август, а Starlink започна да продава мини антена.

Samsung претстави нови флексибилни телефони, слушалки и паметни телефони

Најпопуларниот производител на паметни телефони Samsung, минатата недела претстави нови телефони, слушалки и паметни часовници. Настанот се одржа на 10 јули во Париз, две недели пред почетокот на Олимписките игри. Најголем дел од податоците за телефоните протекоа пред настанот. Веќе знаевме дека телефоните ќе доаѓаат со куп вештачка интелигенција, а се надевавме дека ќе видиме и куп интересни примени.

Телефоните доаѓаат со Snapdragon 8 Gen 3 чип и 12GB RAM меморија. Z Flip 6 доаѓа со 4000 mAh батерија. Голема промена има и кај камерата која сега е двојна: 50MP главна камера иста како камерата која ја користи S24 и 12 MP широко-аголна камера. Fold 6 за жал ќе го задржи стариот сензор на главната камера, на кој производителот ќе додаде 12MP широко аголен сензор.

Двата телефони се надградба на претходните модели, иако вистинското прашање е дали корисниците би можеле да оправдаат замена на телефоните кои чинат 1100 и 1900 долари, само за овие надградби.

Pixel ќе порани оваа година

Популарната серија на Android уреди од Google оваа година може да ја очекуваме значително порано отколку досега. Очекувањата се Google да ги претстави своите нови уреди на 13 август. Нема потврда за кои уреди ќе може да ги видиме, но шпекулациите се околу Pixel 9 телефоните и новите Pixel Watch 3 часовници. Засега нема официјални детали за настанот, и на него во голема мерка се гледа како на изненадување.

Една од причините поради кои Google го помести настанот кој вообичаено се одржува во октомври може да е најавата за партнерство помеѓу OpenAI и Apple кое може да донесе вештачка интелигенција на iPhone. Презентациите на Apple се закажани за септември.

За десетгодишнината нови Apple Watch часовници

Десетгодишнината на паметните часовници на Apple ќе ни донесе нови уреди со куп надградби и нови функционалности, вели Bloomberg.

Најавени се два модели на Series 10 часовниците на Apple кои барем засега доаѓаат под кодни имиња N217 и N218. Двата часовници ќе бидат потенки од досегашните модели и ќе доаѓаат со поголем екран. Она што е интересно е дека сега со големината ќе бидат колку Ultra часовникот, но за овој модел не е најавен редизајн.

Image courtesy of Apple

Сепак, и за новите Series 10 и за новиот Ultra 3 часовник ќе има значителна надградба на хардверот. Шпекулациите се дека ќе има нов чип кој ќе овозможи вештачка интелигенција, но барем во прво време нови функционалности овозможени од вештачката интелигенција нема да има.

Она што ќе биде поинтересно е дали алатките за здравје ќе бидат достапни и поточни. Дури и основните функционалности, како на пример следењето на високиот крвен притисок не се доволно точни, па нивната имплементација доцни.

CMF Phone 1

Компанијата Nothing која е производител на истоимените телефони го претстави новиот CMF телефон. За разлика од телефоните кои компанијата ги претстави досега, новиот модел кој чини 199 долари  е модуларен. Ова секако не е првиот модуларен телефон, но некако овој концепт не успеа да заживее. Бројот на производители не е премногу голем: Fairphone, LG, Motorola, Essential, PuzzlePhone и Google со Project Ara се дел од нив. Ниту еден од овие концепт уреди не успеа да освои значителен дел од пазарот досега.

https://www.youtube.com/watch?v=_q45HmRIM08

Телефонот доаѓа со 6,7-инчен OLED екран, 50 MP главна камера, MediaTek Dimensity 7300 процесор и батерија од 5000mAh. Со оглед на цената, хардверот воопшто не е лош.

Сепак модуларниот пристап на CMF Phone 1 е нешто поинаков од она што веројатно го очекувате. Наместо различни додатоци и хардвер, овде модули се додатоците. На пример задниот капак, новчаник, држач за телефон и слично.

Замената на задниот капак е прилично едноставна и за ова е потребно единствено да се отшрафат четири шрафчиња и да се извади фиоката за SIM картичката. Цената на задниот капак e 35 долари, врвката за околу врат и држачот се 25 долари, а паричникот е 35 долари.

Ако се израдувавте дека ќе може да замените барем батерија, за жал тоа не е случај. Производителот барем засега нема резервни батерии, ниту пак ги охрабрува корисниците да го направат ова.

Starlink Mini во отворена продажба во САД

Преносниот Starlink модел, Starlink Mini конечно е достапен во отворена продажба во САД. Значително помалата антена зафаќа место колку лаптоп и овозможува значително полесно користење на Starlink насекаде.

https://www.youtube.com/watch?v=rQClAcr_U6Y

Пред неколку недели кога компанијата го претстави, Starlink Mini беше достапен единствено за постоечките корисници на сателитскиот интернет во САД. Цената на хардверот е 599 долари, за регионалните сервиси се плаќа 150 долари месечно, а Mini Roam чини 50 долари месечно, но доаѓа со ограничување од 50GB.

Vison Pro нема да надмине 500 000 уреди во 2024 година

Сетот за виртуелна реалност на Apple Vision Pro нема да надмине 500 000 продадени уреди оваа година, јави Bloomberg. Компанијата IDC која ги следи трендовите на пазарот прогнозира пад од 75 отсто за интересот за продажба на Vision Pro.

Ова можеби и не треба да не изненади. Apple сè уште го очекува 100000-от продаден уред. Една од причините за намалениот интерес е цената од 3500 долари која е значително повисока од она што го нуди конкуренцијата. Дополнително, до јуни уредот се продаваше единствено во САД. Почетокот на глобалната продажба ќе ги раздвижи работите, но дали тоа ќе биде доволно за да го надмине намалениот интерес во САД ќе дознаеме на крајот на тримесечјето.

Како и за сите останати нови уреди, интересот за купување, а со тоа и успехот на уредот ќе зависи од достапноста на содржини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk