0 коментари 2 мин. читање 7 октомври, 2011

Компаниите сега ќе можат да објавуваат статуси на LinkedIn

Друштвената мрежа за професионални контакти LinkedIn продолжува да ја надградува својата платформа, најавувајќи нова опција која ќе им овозможи на компаниите да споделуваат статуси на LinkedIn профили. LinkedIn до сега им овозможуваше на корисниците да следат компании, а со новата опција ќе им овозможи на компаниите да допрат до оние кои ги следат. Оваа опција е исто така одлична можност корисниците подобро да се запознаат со компаниите кои ги следат.

Според официјалниот блог на LinkedIn, скоро половина од вкупниот број на корисници следат над два милиони компании. Новата опција има за цел да ја подобри комуникацијата на компаниите со своите клиенти и потенцијални вработени, така што сега ќе им овозможи да ги споделуваат најновите вести поврзани со компанијата, да промовираат нови работни позиции, или пак да претстават некој нов производ или услуги. Статусите можат да бидат објавувани од администраторите на профилите, и покрај ограничувањето од 500 карактери, статусите можат да вклучуваат слики и видеа.

Статусите објавени од страна на компаниите ќе им се појавуваат на сите оние корисници кои веќе ги следат. Корисниците ќе можат да коментираат, да ги „лајкнуваат“ или пак да ги споделуваат статусите на компаниите. Со новото надополнување, профилите на компаниите станаа слични со Facebook страните, овозможувајќи двострана комуникација.

(via This is Not Social Media Blog)

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top